За неколку дена собрани 490.000 икра за вештачкиот мрест на пастрмката

На три  пункта: Трпејца, Пештани и Охрид за само 5 дена од почетокот на вештачкиот мрест на Охридската пастрмка се собрани 490.000 зрна икра. Научните работници од Хидробилошкиот институт се задоволни од текот на ловот на пастрмката и процесот на мрестот на овој ендемичен вид на риба.

 |  Валентина Нелоска  | 
ikra
ikra

mrestНа три  пункта: Трпејца, Пештани и Охрид за само 5 дена од почетокот на вештачкиот мрест на Охридската пастрмка се собрани 490.000 зрна икра. Научните работници од Хидробилошкиот институт се задоволни од текот на ловот на пастрмката и процесот на мрестот на овој ендемичен вид на риба.
„ Во споредба со минатата година сме на исто, а можеби и на подобро ниво . Во првите денови бевме разочарани од дувањето на ветрот и од слабиот улов. Охридската пастрмка сака мирна вода за мрестење, а не  разбранувано езеро“, вели Зоран Спиркоски раководител на одделението за аквакултура.
Покрај,временските услови кои се одразуваат на ловот како што се ветерот и студеното време, големо  влијание за мрестот на пастрмката има и полната месечина, нагласува Спирковски. Пастрмките кои при ловот не се созреани за мрест се носат во Институтот каде што се мрестат во базените и до максимум се искористува секое зрно икра, а потоа  се враќаат во езерските води, објаснува Спирковски.
Од уловените матици научните работници добиваат нови сознанија за пастрмката.
ikra„Она што  деновиве го констатиравме од уловените пастрмки, а кои се облежеани од претходните мрестови, е дека една иста индивидуа пастрмка не се мрести секоја година како што се мислеше досега туку преку една, 2 или дури 3 години. Сето ова укажува на  успешниот ефект од  враќањето  на полово зрелите  матици во езерото,“ укажува Спиркоски.
За вештачкиот мрест и оваа година се планирани да се соберат 2,5 милиони зрна икра заедно со мрестилиштето во Шум. Експертите очекуваат планираното количество икра да го соберат до средината на март.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и оваа година  за вештачкиот мрест одобри 4 милиони денари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top