2000 ден. в џеб и ќе јадете охридска пастрмка

Дали рибата што се нуди во рeстораните е охридска пастрмка, прашуваат гостите. Рибарите објаснуваат дека во рестораните може да се најде охридска пастрмка, но само од рибник

 |  Јаковлева Лионела  | 
pastrmka
пастрмка

Платете 2000 ден. и ќе јадете охридска пастрмка. Гостите кои доаѓаат во градов сакаат да го пробаат овој охридски специјалитет, ама скапо ги чини. Ако некои од нив и имаат подлабок џеб и можат да си дозволат едно вакво не така евтино гастрономско задоволство се во дилема дали навистина рибата што ја јадат е охридска пастрмка знаејќи дека има забрана за нејзино ловење.pastrmka Рибарите објаснуваат дека во рестораните може да се најде охридска пастрмка, но само од рибниците во Македонија каде се одгледува. Радован Димитриески од риболовното друштво Св. Апостол Павле вели дека за жал овие рибници имаат капацитет од 2 до 3 тони риба, а за да се снабдт сите ресторани и хотели за да нема илегален риболов потребни се 50 тони.

Димитриески објаснува дека државата која вложи околу 6мил. денари во вештачкиот мрест требаше да вложи и во отварање на нови рибници каде ќе се одгледува охридска пастрмка. На тој начин објаснува Димитриески сите ресторани и хотели во градов ќе беа снабдени со риба, а можноста за нејзино криумчарење ќе беше сведена на минимум. Димитриески вели дека со доделувањето на концесиите за стопански риболов состојбата  со пастрмката ќе се влоши. Тој потенцира дека под итно треба да се забрани стопанскиот риболов и од Албанска страна. Не е мал броjот на охриѓами и на гости кои одат во Поградец на охридска пастрмка.

Димитриески вели дека тоа е туризам на албански начин. Додека ние овде ја штитиме тибата тие таму неконтролирано ја ловат. Затоа институциите во Македонија веќе пет години се борат да го спречат стопанскиот риболов во Албанија. Рибарите велат дека е крајно време да се стави ред во аквакултурата. Охридска пастрмка мора да има во рестораните, но во никој случај не смее да ја снема од езерото.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top