Ознака: риба

mrest

Пастрмката се враќа во Охридското Езеро

Post Views: 2 Се подобрува состојбата со рибниот фонд во езерото. Ова може да се види по собраните колични икра во првите два дена од риболовот за вештачки мрест, кој го спроведува концесионерот на Охридското Езеро „Пастрмка 2012“, а  започна во петокот. Минатата година собравме 30 проценти повеќе икра во споредба со претходната година.Според почетокот мислам дека сме во можност да ги надминеме минатогодишните количини на собрана икра за 80 проценти, што ќе биде голем чекор кон обновување на рибниот фонд на пастрмка во Охридското Езеро -изјави Ристе Танасоски од „Пастрмка 2012“. Ваквата...

Continue reading

ribi

Риба има, се троши, но и по малку се краде

Post Views: 8 Зголемена е потрошувачката на рибата во овој период од годината. Рибата е неизоставен дел од македонската трпеза посебно за зимските христијански слави, за време на Божиќните пости. Токму поради тоа намалена е цената на рибата информира концесионерот на Охридското Езеро, Ристе Танасоски. Овој период од годината засилени биле контролите од страна на рибочуварската служба, така што само минатата недела фатиле голем број мрежи на нелегалните риболовци од нашето подрачје, но и како новина фатени биле забранети мрежи  фрлени во езерото од албанската страна. Танасоски вели...

Continue reading

post

Православните христијани денес го започнаа Божиќниот пост

Post Views: 0 За православните христијани од денес започнува Божиќниот пост. Верниците во следните шест недели, во чест на раѓањето на Господ Исус Христос,  ќе се воздржуваат од консумирање на мрсна храна,  телесни задоволства и  ќе се молат пред Бога. Постите се востановени во рајот , Бог им дал на луѓето забрана да не јадат од дрвотозаз познавање на доброто и злото.Ако тогаш постот им бил потребен на првите луѓе во рајот колку ни е потребен на нас луѓето во ова денешно време , укажува отец Ѓорѓи Блажески. „ Целта на Божиќните пости, но и на останатите пости е очистување на човечката...

Continue reading

jabolko

Хороскопските знаци и храната

Post Views: 1 ОвенГолем гурман, го посолува јадењето пред да го проба, сака и да го забибери, обожава скара, маслинки, сирење и студени газирани пијалaци. Често пати заборава да јаде, но затоа кога ќе седне не знае за доста. Кога е гладен, станува раздразлив и го боли глава. Астро совет: иако повеќе сакате мешани нозе под маса отколку мешано месо, немојте да ја прескокнувате овошната торта, поради железото кое му е потребно на вашиот организам. БикНе сака да го вознемируваат додека јаде, а по јадењето сака на мира да ужива во турско кафе. Секогаш ви нуди нешто за грицкање, а кога...

Continue reading

Dalga

Во охридските ресторани ни за лек нема охридска пастрмка

Post Views: 2 Охридската пастрмка и понатака ја нема ни за лек во охридските ресторани, тврдат охридските угостители. Тие во моментов на гостите  им понудат белвица или охридски крап, но не и специјалитети од ендемичниот вид на пастрмка по која е познат градот. Овој проблем е присутен 15 години и кога се понадеваа дека на  проблемот ќе му се стави крај со издавање на езерото под концесија, непријатно се изненадени. Ендемичната охридска пастрмка ја има во главниот град и во внатрешноста на земјата, ама ја нема во Охрид, вели познатиот охридски угостител Љупчо Патчев.   „ Ние не добиваме...

Continue reading

izlov slatino

Се изловува рибниот фонд на Слатинско Езеро

Post Views: 9 Рекреативните риболовци од здружението Св Апостол Петар, денес отпочнаа со излов на рибниот фонд од акомулацијата Слатинско Езеро. Како што веќе од таму укажаа, Слатинското Езеро е пред еколошка катастрофа поради напукнување на браната, која го спушти нивото на водата од 9 на еден метар. Првиот човек на општина Дебрца, Игор Трајкоски, вели дека изловот на рибниот фонд е само времено решение и смета дека рибата набрзо ќе се врати во истата акомулација наесен, после санирање на браната за што потврда добил од Министерството за земјоделие. „Со напорите што ги направи концесионерот...

Continue reading

brod

Бродскиот крш од Студенчишта зависи само од волјата на сопствениците

Post Views: 1 Очите на јавноста повторно се свртени кон каналот Студенчишта. Овој пат вниманието го привлекува  потонувањето на бродот Силекс кој веќе неколку години е стациониран во каналот и не е во пловна состојба. Бродот се претвара во руина и го нагрдува просторот и природниот канал на само неколку метри од Билјанини извори. Наместо да се претвори во туристичка атракција каналот станува отпад за неупотребливи бродови, се загадува и има се помалку риба, е коментарот на Радован  Димитриески, прет на СРД „ Св. Апостол Павле“. Потребно е да се отстранат сите непловни бродови и каналот...

Continue reading

икра

Охридската пастрмка се враќа во природните мрестилишта

Post Views: 6 Почна ловот на на охридската пастрмка за вештачки  мрест. Добра вест е што пастрмката се повеќе ја има и се враќа во природните мрестилишта.  Од 21 јануари па до денес се собрани  600.000 зрна икра. Од хидробилошкиот институт се задоволни од досегашниот тек на ловот на источниот дел од езерото. Поголема количина на риба е уловена и на  струшкиот дел од езерото во споредба со минатата година,  информира Зоран Спиркоски раководител на одделението за аква култура. Спиркоски додава дека собраните количини се резултат на физичката заштита на рибниот фонд од страна на концесионерот.„...

Continue reading

апсење пента

Во рибарски мрежи заплеткан висок полициски службеник

Post Views: 4 Рано Утрово МВР го уапси комадирот во Полициска станица за граничен надзор на Охридското езеро, 40 годишниот Д. Клечкароски поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување.  Како што информираше директорот на бирото за јавна безбедност, д-р. Љупчо Тодоровски акцијата „Пента“ ,МВР ја реализираше по спроведена повеќемесечна истрага од страна на Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал. Покрај Клечкароски Одделението за финансиски криминал до Основно јавно обвинителство кривични пријави поднесе...

Continue reading

ribolov natprevar

Глувите и наглуви лица од земјава, ловеа риба во каналот Студенчишта

Post Views: 0 12 здруженија на глуви и наглуви лица од целата држава, денес ловеа риба во Стденчишкиот канал. Претставници од Охрид, Скопје, Гевгелија, Битола, Кавадарци, Прилеп, Гостивар се натпреваруваа кој ќе улови повеќе риба. Овој државен натпревар се одржува веќе втора година по ред. Риболовците се натпреваруваат поединечно и екипно, а ќе добијат медали и пехари. Претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, Васко Марков, изрази надеж дека победникот на овој натпревар нема да запре тука. „Се надевам дека кој ќе го освои првото место, понатаму ќе продолжи со натпреварите....

Continue reading

ribarenje

Заврши осумгодишниот пост во ловењето со блинкер

Post Views: 11 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, сигурен дека доделувањето на концесиите за рекреативен и стопански риболов ќе помогнат во зачувувањето на рибниот фонд. Министерот призна дека навидум тоа изгледа контрадикторно, но смета дека тоа е вистинскиот начин не само за соочувување, туку и за проширување на рибниот фонд во езерото. „Дојдовме до констатација дека постоечката ситуација е неодржлива и дека е потребно сепак да има еден организиран начин на рибарење би реков во Охридското Езеро, во водите на Охридското Езеро, но тоа да биде комбинирано....

Continue reading

blinker

Се враќа блинкерот во Охридското езеро

Post Views: 23 Се враќа ловот на пастрмка и белвица со блинкер во Охридското езеро. Овој некогашен, можеби и подзаборавен начин на лов на риба, охриѓани, стружани па и останатите страсни риболовци, со душа го чекаат околу осум години. Директорот на Пастрмка 2012 Ристе Танасоски, кој деновиве и официјално од страна на Министерот за замјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски, беше назначен за концесионер за стопански и рекреативен риболов, вели дека им претстои период на одговорна работа. Танасоски за 8 ми септември го најави стартот на блинкерот и појасна што треба да направат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top