Охридската пастрмка се враќа во природните мрестилишта

Почна ловот на на охридската пастрмка за вештачки  мрест.

 |  Валентина Неловска  | 
икра
икра

Почна ловот на на охридската пастрмка за вештачки  мрест. Добра вест е што пастрмката се повеќе ја има и се враќа во природните мрестилишта.  Од 21 јануари па до денес се собрани  600.000 зрна икра. Од хидробилошкиот институт се задоволни од досегашниот тек на ловот на источниот дел од езерото. Поголема количина на риба е уловена и на  струшкиот дел од езерото во споредба со минатата година,  информира Зоран Спиркоски раководител на одделението за аква култура. Спиркоски додава дека собраните количини се резултат на физичката заштита на рибниот фонд од страна на концесионерот.
икра
„ Во споредба со минатата година риболовните ревири во Трпејца и Пештани позитивно не изненадија. За осум дена имаме собрани над 600.000 зрна икра. Податокот дека и на самиот терен се јавуваат т.м мршини или мрестови  покажува дека добро се работело при физичкото обезбедување  и редукција на рибокрадството на големо ниво“.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за годинешниот вештачки мрест одвои
6,5 милиони денари. Од нив 4,5 милиони денари се наменети за Хидробиолошкиот институт и 2 милиони денари за Институтот за сточарство за струшкото мрестилиште во Шум. Ловот  на пастрмката за вештачки мрест многу зависи и од временските услови. Во моментов е полна месечина и рибата влегува помалку во мрежа, но се очекува од почекот на февруари подобар улов на пастрмката, кажува Спиркоски.  Од Хидробилошкиот институт планираат да соберат околу 2 милиони зрна икра од охридксиот дел, а се очекуваат и по еден милион икри и од струшкиот и албанскиот дел на езерото.

„ Би било добро ако се натфрли бројот барем до 2,5 милиони зрна икра. Наши сознанија се дека во езерото има риба, но сеуште не е полово созрена за да слезе на природните мрестилишта“, вели Спиркоски.

Праксата покажува дека во овие осум дена се уловени примероци кои биле ловени пред 4 години, а истите  сега повторно се мрестат. Исто така, се фатени пастрмки кои претходно не биле полово не созреани за мрест,  а сега достигнале полова зрелост, објаснува Спиркоски. Законски, ловот  на вештачкиот мрест, трае до 20 март.   
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top