Кривични пријави – СВР Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 4 лица за сторено кривично дело „незаконит риболов“. …

 |   | 
svr
svr

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 4 лица за сторено кривично дело „незаконит риболов“. Кај лицата С.Ф.(25) и Д.Н.(22), од Охрид на 24-ти ноември, кај „Сараиште“ при извршен претрес во чамецот полицијата пронашла околу 72 парчиња разновидна риба. А кај лицата М.Р.(53) и С.Р.(29), од Пештани на 25-ти ноември, при извршен преглед од нивниот чамец се одземени 12 парчиња риба.
Кривична пријава за сторено кривично дело „повреда на правото на дистрибутерот на технички посебно заштитен сателитски сигнал“ е поднесена против едно лице. Пријавениот без да поседува одобрение, неовластено дистрибуирал заштитени телевизиски канали преку кабелска мрежа.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето А.Т.(45) од Охрид за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ на ул.Аџи Мустафа. Пријавениот узурпирал недвижност од околу 220 метри квадратни, сопственост на Р Македонија, а за која во 2008 година, со правосилна судска пресуда пријавениот бил задолжен да ја  врати во сопственост на Р Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top