Ознака: Прличев

balon igraliste

Стопирана изградбата на игралиштето балон

Post Views: 1 Привремено стопиран проектот за изградбата на игралиште балон во дворот на ОУ „Григор Прличев“. ТВМ дознава дека проектот за кој се крена доста прашина изминативе денови, само што започна – се прекина. Оваа информација ја потврдуваат од секторот за образование при локалната самоуправа. Раководителот Серафим Наумовски вели дека проектот е само привремено стопиран и дека истиот штом завршат законските постапки ќе се реализира. „Спогодбено се раскина договорот меѓу двете странки. Постапката со тој чин заврши. Во јавните гласила објавена е објавата за издавање на закуп на ...

Continue reading

grigor

Спортско игралиште под тенда

Post Views: 1   Во дворот на ОУ. „Григор Прличев“, се подготвува терен за градба. Местото веќе е оградено и отпочнати се подготовките за уредување на тој простор. Охриѓани се љубоптни што ќе никне на тоа место. Дилемата ја разреши општинскиот гласноговорник Симон Илиевски. Тој нагласи дека училиштето ги започнало подготвителните работи за средување на овој простор и поставување на времена урбана опрема. „Тука ќе се гради фудбалско игралиште, мислам покриено игралиште, тоа е проектирано според урбаниастичкиот план е проектирано отворено, на барање на ОУ „Григор Прличев“, Советот на...

Continue reading

centar za kultura

Богата културна понуда по повод 8-ми септември

Post Views: 15   Центарот за култура Григор Прличев се подготвува достојно да го одбележи 8-ми септември, денот на независноста на Македонија. Програмата започнува вечерва во 20 часот со отварањето на светската изложба на Битолскиот монмартр. Директорката на центарот, Драгана Боцевска вели дека соработката со оваа ликовна колонија е од многу одамна па затоа одлучиле чествувањето по повод овој голем државен празник да го почнат токму со нивната изложба. Нејзина идеа е делата на малите уметници од светот барем еднаш годишно да бидат ставени пред очите на охридската јавност. Боцевска...

Continue reading

glina

Глината обликувана како уметничко дело

Post Views: 2 200 експонати од керамика од 55 автори од Хрватска и уште неколку европски земји се поставени пред очите на охридската јавност. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ се отвори триеналето на керамика на хрватски автори. Tоме Tрајкоски, посетител на изложбата вели дека е воодушевен од тоа што го гледа и им препорача на граѓаните да дојдат да ја видат поставката. Ова е една од побогатите изложби која годинава се организира во центарот, а која се должи на контактите на организаторот Славко Упевче со Центарот Ладица од Хрватска и Г-динот Ханибал Салваро член на Меѓународната...

Continue reading

seme

Денот на книгата постхумно посветен на Ташко Георгиески

Post Views: 0  Со изложба на делата на академик Ташко Георгиески во Охрид се одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право. НУ библиотека „Григор Прличев“ постхумно во чест на Георгиески направи изложба на неговите литературни дела. За да му одадат почит и да се потсетат на делата на познатиот македонски раскажувач, романсиер и филмски сценарист во библиотеката беа присутни голем број почитувачи на неговите книжевни дела.   За неговиот книжевен опус, осврт направи директорката на НУ „Григор Прличев“, Александра Белевска. Авторот Георгиески беше член на МАНУ, на ДПМ, на ПЕН....

Continue reading

komisija

Награди за најуспешните

Post Views: 29 Славица Танеска, ученичка во седмо одделение во ОУ “Григор Прличев“, Јулија Митревска ученичка во осмо одделение во ОУ “Григор Прличев“ и Христина Ристеска од ОУ “Кочо Рацин“, се добитнички на првата , втората и третата награда на распишаниот ликовен конкурс од страна на Здружението на граѓани Богојавление. Тие не го криеја задоволството од добивањето на едно вакво признание.На конкурсот кој го распиша Богојавление уште пред три месеци  биле испратените 60 цртежи од учениците од сите основни училишта во општина Охрид. Ликовниот уметник Славко Упевче, член на комисијата...

Continue reading

song

Законот за јавни службеници ги раскара синдикалците во ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 6 Петре Тасески, претседателот на синдикалната организација во ОУ „Григор Прличев“ разрешен од неговите колеги. На уредно свикан состанок, во обид Тасески да ги информира колегите за примената на Законот за јавни службеници, тој е отповикан од синдикалната функција. Според претседателот на Регионалниот одбор на Сонк, Аце Речкоски, таа постапка и со именувањето на нов претседател на основната синдикална организација, во ОУ „Григор Прличев“ грубо е прекршен статутот на Синдикатот за образование, наука и култура.За новонастанатите синдикални состојби во образованието, зборува...

Continue reading

fizcko

На децата од нижите одделенија физичко им го заменуваат со математика

Post Views: 7 Наместо физичко – математика или македонски. Родителите чии деца учат во ООУ Григор Прличев реагираат дека нивните деца наместо час по физичка култура, многу често имаат друг предмет. „И покрај тоа што училишните торби им се претешки и децата постојано седат, единствена можност за физичка активност им се часовите по физичка култура кои иако им се по распоред, се кратат“, велат родителите. Проблемот го насочуваат кај учителките кои и покрај тоа што ги тераат децата да носат соодветна опрема, сепак не го одржуваат часот, а доколку сакаат да го одржат немаат термин во...

Continue reading

приредба

Приредба по повод патронот на О.У. „Григор Прличев“

Post Views: 3 Традиционално и годинава О.У. „Григор Прличев“, го одбележа својот патрон. Во рамките на одбележувањето преку низа активности, учениците, како и целокупниот наставен кадар, добро се покажаа пред охридската јавност, синоќа во Центарот за култура. Најмладите со нетрпение чекаа да се претстават. Полни со емоции, а пред се максимално концентрирани за настап, кажаа дека чест е да се биде учесник во програмата за одбележувањето. Основците преку својот настап низ музика, игра, песна, рецитал и други точки го потврдија својот талент. Исто така воодушеви и настапот на учениците...

Continue reading

патронат

О.У. „Григор Прличев“ го слави својот патронен празник

Post Views: 0 Пред бистата на големиот поет и преродбеник во дворот на училиштето, беше положен ловоров венец, а беа прочитани и првонаградените литературни творби од конкурсот на тема „Охрид, моја гордост, моја инспирација“. Ликот и делото на  Прличев, најголема инспирација за младите поетеси. „Моја инспирација беше Григор Прличев, кој е човек што и покрај сите грчки плукања тој успеал да стане втор Хомер и тоа мене ми беше многу голема инспирација за да напишам песна, ми требаа два дена и јас со голема желба ја напишав таа песна“, велат Мартина Целеска и Марија Мисоска. Во чест...

Continue reading

Prlicev

Охрид празнува и достојно ги одбележува „Прличевите беседи“

Post Views: 9 Низа свечености во чест на Великанот на нашата литература – Григор Прличев. 5 ти и 6 ти февруари охриѓани ги одбележуваат „Прличевите Беседи“. За Григор Прличев денеска во името на Друштвто на писателите на Македонија, писателот и општествен деец Видое Видически одржа пригодна реч во која истакна дека големите луѓе се раѓаат, живеат и творат во исклучително тешки времиња. „Нашата преродба немаше да се оствари со таков интензитет без присуството на Григор Прличев, а нашата култура ќе беше посиромашна без достоинствата што ги создадоа „Сердарот“ и Скендербег, додаде...

Continue reading

kuka Grigor Prlicev

Подготвена програмата за „Прличевите беседи“

Post Views: 1 Во текот на програмата предвиден е и настап на хорот при Центарот за култура, беседа ќе одржи Ристо Јачев, а ќе биде врачена и повелбата и наградата за најдобра поема “Григор Прличев” за 2011 год. Традиционално како и секоја година, ќе биде објавен и конкурс за најдобра поема “Григор Прличев” за 2012 година.Организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија. Во склоп на активностите за „Прличевите беседи“ на 6 ти февруари пред бистата на Прличев пред градската библиотека ќе...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top