Стопирана изградбата на игралиштето балон

Договорот за игралиштето балон раскинат спогодбено, се отвора нова постапка.

 |  Маленкова Татјана  | 
balon igraliste
балон игралиште

Привремено стопиран проектот за изградбата на игралиште балон во дворот на ОУ „Григор Прличев“. ТВМ дознава дека проектот за кој се крена доста прашина изминативе денови, само што започна – се прекина. Оваа информација ја потврдуваат од секторот за образование при локалната самоуправа. Раководителот Серафим Наумовски вели дека проектот е само привремено стопиран и дека истиот штом завршат законските постапки ќе се реализира.

„Спогодбено се раскина договорот меѓу двете странки. Постапката со тој чин заврши. Во јавните гласила објавена е објавата за издавање на закуп на  истиот простор согласно одлуката дадени се роковите. Ќе видиме како ќе течат активностите по завршувањето на рокот на објавата. 30 дена е објавата за издавање на земјиштето. Имавме грешка во постапката. Сега општината го огласува просторот и ќе си ја води постапката до реализација“, вели раководител на сектор за образовани, Серафим Наумовски.

Останува отворено прашањето дали и кој ќе го заштити просторот, поточно врати во првобитна состојба, бидајќи ваков каков што е во моментов е крајно небезбеден за учениците.

„Тоа ќе треба да го направи изведувачот, поточно тој што ги започна активностите ќе реба да го доведе во првобитна состојба“, вели Наумовски.

Само за потсетување во дворното место на ООУ Григор Прличев пред нецел месец започна да се гради игралиште – балон . Овој објект е проектиран според урбаниастичкиот план на барање на ОУ „Григор Прличев. Овој објект треба да од времен карактер  и тоа треба да биде единствено игралиште со вештачка трева во Охрид.

Според првичниот договор фирмата  со која е раскинат договорот требаше со него да стопанисува 5 години. Теренот бесплатно требаше да биде отстапен за потребите на  училиштето во претпладневната настава, а во вечерните часови истиот требаше да го користи инвеститорот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top