На децата од нижите одделенија физичко им го заменуваат со математика

Наместо физичко – математика или македонски. Родителите чии деца учат во ООУ Григор Прличев реагираат дека нивните деца наместо час по физичка култура, многу често имаат друг предмет.

 |  Татјана Маленкова  | 
fizcko
fizicko

Наместо физичко – математика или македонски. Родителите чии деца учат во ООУ Григор Прличев реагираат дека нивните деца наместо час по физичка култура, многу често имаат друг предмет.

„И покрај тоа што училишните торби им се претешки и децата постојано седат, единствена можност за физичка активност им се часовите по физичка култура кои иако им се по распоред, се кратат“, велат родителите.
Проблемот го насочуваат кај учителките кои и покрај тоа што ги тераат децата да носат соодветна опрема, сепак не го одржуваат часот, а доколку сакаат да го одржат немаат термин во салата.

Од управата на училиштето ги демантираат овие обвинувања.  Директорот на Григор Прличев, Перо Георгиески вели дека ова училиште е едно од ретките во државава во кое нижите одделенија редовно ги одржуваат часовите по физичка култура. Тој додава дека ова правило единствено било прекршено само изминатава недела поради ниските температури, кога салата потешко се загревала.  

Од одделението за образование при локалната самоуправа велат дека многу брзо ќе изнајдат решение за овој проблем, кој се провлекува во повеќе училишта. Излезот го гледаат во продолжување на проектот за омасовување на физичката култура и спорт.

Serafim Naumovski„До завршување на 2010 год. реализиран беше тој проект. Во 2011 имавме пауза, меѓутоа во програмата за спорт во 2012 год. предвидени се средства и истиов проект за основци за омасовување на физичката култура и спорт кај помалите воздрасти ќе го продолжиме ќе се реализира од прво до четврто одделение и новина е и во детстаката градинка ќе ангажираме професори. Како проект е успешен и истиот опфаќа категорија на дечиња бидејќи наставците не се квалификувани да изведуваат настава по физичка култура ова ќе биде со соодветна програма изготвена од професорите по физичко образование“, вели раководител на одделение за образование, Серафим Наумовски.

Наумовски додава дека овој проблем ќе се реши, но најпрво треба основните училишта да ги изработат програмите. Откако тоа ќе се направи ќе бидат ангажирани невработени професори по физичко образование.

Од одделението за образование ветуваат дека Проектот ќе се реализира во текот на оваа школска година.    

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top