Ознака: Прличев

logo

52-ро издание на „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“

Post Views: 5 Богати фестивалски вечери, квалитетна програма и извонреден фолклор на нациите кои ќе го изведат најдоброто од нивната традиција, ветуваат организаторите на овогодинешното издание на „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“. Годинава, честа да го отворат педесет и воторото издание на фестивалот ќе му припадне на ансамблот за народни песни и игри „Танец“, вели Драгана Боцеска, директорката на Центарот за Култура „Григор Прличев“. „Танец“ ќе настапи со програма којашто досега не е видена, во Македонија, со програмата со која настапија на турнејата во Шведска и Австрија,...

Continue reading

Основците од Григор Прличев упатија честитка на оргинален начин за Денот на жената

Post Views: 2 Од ОУ Григор Прличев изработија проект со кој упатија видео честитка до сите жени по повод Интернационалниот ден на жената 8 -ми Март. На оргинален начин со проектот насловен „Жената е…“ потврдија дека се единствени и креативни. На забавно – едукативен начин ја прикажаа вредноста на жената во општеството, потребата од внимание и почит од спротивниот пол и големината на убавиот збор посветен на жената. Вo подготовката на видео проектот учествуваа родители / старатели од различни професионални профили и учениците од 1 до 9 одделение.   Основците од 1 до 9...

Continue reading

Grigor ucilnica

Основците од „Григор Прличев“ ќе добијат училница во природа

Post Views: 8 Веројатно сите се сеќаваме на оние денови од нашето основно образование кога наставниците не носеа на настава во природа. Тоа беа денови на радост и возбуда верувам за сите нас. Токму часовите во природа, од наредната учебна година ќе станат реалност и секојдневние за основците од „Григор Прличев“. В.д директорката на ова училиште, Силвија Мојсовска, најави реализирање на неколку проекти во текот на летото, од кои еден е токму училницата во природа. Иновативна, несекојдневна, и во секој случај интересна идеја. „Ќе биде тоа направено со дрвени клупи и табла да има, и...

Continue reading

Grigor Prlicev

ОУ Григор Прличев-прва образовна институција која доби помош од локалната

Post Views: 35 Образовните институции во градов во фокусот на локалната самоуправа. Анализите покажале дека јавните претпријатија не се единствените субјекти кои работеле со блокирани сметки и наталожени долгови, ваква ситуација била затекната и кај некои од образовните институции. Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, најави серија посети на сите институции кои се во надлежност на локалната, со посебно внимание посветено на образованието. Денес го посетија основното училиште „Григор Прличев“. „Не случајно основното училиште „Григор Прличев“ е одбрано да биде како официјален...

Continue reading

knigi

Љубителите на пишаниот збор, денес го слават светскиот ден на книгата

Post Views: 6 Некогаш таа беше најверен пријател на човекот. Книгата, со сите свои богатства, мистерии, пораки и поуки, напишана на многу или помалку страни, но секогаш со подеднаква страст, со подеднаква љубов. Некогаш и некаде, далеку од овде, книгата е најбараното богатство, но сега и овде, кај нас, за жал многу помалку. Денес, на Светскиот ден на книгата, можеме барем накратко да се потсетиме дека таа е сеуште тука и ја чека својата публика да ги открие нејзините тајни. Но и многу повеќе. Постарата генерација носталгична по старите вредности, барем засега е најверен читател. „Ние...

Continue reading

matematika

Многу дружење, многу математика и одлични резултати

Post Views: 20 Виктор Блажески е само еден од многуте мали охриѓанчиња-љубители на математиката, а тоа одлично го докажа минатава сабота. На регионалниот натпревар по математика, во својата категорија, односно 6то одделение, тој се пласираше на првото место, а ја освои втората награда со најмногу бодови кај шестоодделенците. Тој вели дека задачите биле тешки, но дека е навистина задоволен од постигнатиот успех. „Во другите школи најчесто ги избираат со училишен натпревар, а кај нас наставниците ги избираат посебно тие ученици што имаат секако петки и што се најуспешни. Убаво поминав,...

Continue reading

ucenici Grigor Prlicev

Основците од „Григор Прличев“ му оддадоа почит на својот патрон

Post Views: 14 Младите ученици од основното училиште „Григор Прличев“ на достоен начин го одбележаа патронот на нивното училиште. Свечената приредба беше навистина свечена, а за тоа да биде така, се погрижија токму учениците од ова училиште и нивните ментори.   Центарот за култура кој исто така го носи името на охридскиот ловороносец, беше местото на кое се собраа родители, наставници, ученици за да му оддадат почит на големиот поет. „Колку и да зборуваме за делото и животниот пат изминат од нашиот патрон, никогаш нема да бидат доволни зборовите, туку треба само да ги продолжуваме...

Continue reading

prlicev

По стапките на мојот дедо

Post Views: 54 Дрвената палка со која Григор Прличев им покажувал на табла на своите ученици од денес ќе се наоѓа во наговата спомен куќа. Таа е подарок од неговата правнука, Олга Григорова Прличева која ја донесе од неговата семејна куќа во Софија. Олга заедно со уште неколку роднини на големиот поет, пристигнаа од Бугарија за да присуствуват на Прличевите беседи и да му оддадат почит на добитникот на ловоровиот венец. Ова не е прв пат членови на фамилијата на Прличев да дојдат токму на овој ден во Охрид. Тие биле тука и во 2005 год кога се отвори спомен куќата на овој великан. Тие...

Continue reading

гпрличев

Ќе се одбележат 20 години од востанување на наградата „Григор Прличев“

Post Views: 2 Охрид е подготвен да го чествува големото дело на својот поет и преродбеник  Григор Прличев. Три дена, почнувајќи од 4 па се до 6-ти февруари, со богата културно-уметничка програма достојно ќе му се одаде почит на  носителот на ловровиот венец и борецот против грчкото влијание. Во понеделник со промоцијата „ Сенки на поетичноста“ од Пандора Јовановска Илиевска ќе започнат свеченостите во рамките на манифестацијата „ Прличеви беседи“. Mанифестацијата опстојува веќе 6 децении  започнувајќи од 1952 година во знак на сеќавање на најголемиот македонски преродбеник и поет...

Continue reading

centar za kultura

Центарот за култура Григор Прличев доби финансиска инјекција

Post Views: 8 Центарот за култура „Григор Прличев“ од Министерството за култура доби околу 5 мил. денари за проектите кои треба да ги реализира во текот на оваа година. И овојпат финансиски се подржани Балканскиот фестивал, Охридските староградски песни, фолклорните друштва, мешаниот хор, балетското студио и театарот.  Предвидени се и два големи театарски проекти и тоа „На дното“ од Максим Горки и „Орестија Есхил“ која претстава по се изгледа ќе ја режира познат режисер од Дубровник. Еден театарски проект ќе биде финансиран и од сопствени средства, вели директорката Драгана Боцевска....

Continue reading

balonigraliste

Ќе се гради игралиштето под тенда

Post Views: 5 Спортското игралиште под тенда или таканаречен балон стадион сепак ќе никне во дворот на О.У. „Григор Прличев“. Зафатите околу уредување на теренот се изведуваат на северниот дел од училиштето. Деновиве таму интензивно се гради. Постапката за изградба на игралиштето по пат на јавно приватно партнерство меѓу општината, училиштето и фирмата изведувач првично беше прекината поради недоследности. Од локалната не откриваат кои се причините за тоа. Но постапката е обновена и според градоначалникот Петрески не постои никаква пречка за изградба на балон игралиштето. „Балон...

Continue reading

gas

Гасификација во Охрид?

Post Views: 3 Градските власти во Охрид најавија гасификација. Градоначалникот Александар Петрески тоа го планира како една од мерките за справување со енергетската криза, поради која, многу институции посебно образовните се дават во долгови поради обезбедување на неопходните енергенси за греење. „Планираме дел по дел во градот да воведуваме гасификација, т.е. првата област ќе биде околу Григор Прличев училиштето  каде што ќе поставиме мобилна цистерна за гас од каде што од исто место ќе се грее и Григор Прличев и детската градинка, гимназијата, економското училиште, општината и другите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top