Основците од Григор Прличев упатија честитка на оргинален начин за Денот на жената

Основците на посебен начин упатија честитка до сите жени по повод Интернационалниот ден на жената 8 -ми Март. Ученицитe заедно со своите родители од  го честија празникот со  видео проект  насловен „Жената е..“ Во реализација на видео проектот учествуваа родители/старатели од различни професионални профили и учениците од 1 до 9 одделение.  

 |  Валентина Неловска  | 

Од ОУ Григор Прличев изработија проект со кој упатија видео честитка до сите жени по повод Интернационалниот ден на жената 8 -ми Март. На оргинален начин со проектот насловен „Жената е…“ потврдија дека се единствени и креативни.

На забавно – едукативен начин ја прикажаа вредноста на жената во општеството, потребата од внимание и почит од спротивниот пол и големината на убавиот збор посветен на жената.

Вo подготовката на видео проектот учествуваа родители / старатели од различни професионални профили и учениците од 1 до 9 одделение.

 

Основците од 1 до 9 одделение заедно со своите наставнци се погрижија за изборот на исказите посветени на жената, а основците од 1 до 3 одделение ги изработија буквите  на креативен начин.

Проектот „Жената е ..“ е резултат на успешната соработка меѓу Советот на родители и претседателот Сашко Георгиески и Ивана Маховска Шикалоска, директор на ОУ Григор Прличев, наставниот кадар и стручните служби.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top