Ознака: Прличев

centar za kultura Grigor Prlicev

Центарот за култура „Григор Прличев“ успешен во реализацијата на годинeшните проекти

Post Views: 1 Во годината која изминува НУ Центарот за култура „Григор Прличев“ ги оствари своите поставени цели. Во центарот беа одржани околу 100 настани меѓу кои ликовни уметнички изложби, голем број промоции, премиери на филмски и драмски претстави. Проектите кои беа одобрени во целост се исполнети. Балканскиот фестивал на народни песни и Охридски староградски средби преминуваат  во традиционални манифестации кои предизвикуваат огромен интерес кај публиката. Успешна промоција доживеа и проектот за животот и делото на Александар Македонски за чија реализација задолжена беше Ангелина...

Continue reading

Biblioteka

Литературата за деца непрофитабилна за авторите

Post Views: 0 Во земјава скоро и да нема автори кои творат литература за деца и млади. Оваа литература е непрофитабилна за авторите. Засега на ова поле остана осамен единствено писателот за деца Горјан Петрески. Овој сериозен проблем се провлекува со години наназад, од осамостојувањето на земјава, велат писателите. Станува збор за негрижа на општествениот систем кон најмладите, а  недозволиво е тие да бидат препуштени сами на себе потенцира директорот на НУ Библиотеката „Григор Прличев“, Тоде Илиески. „Авторите не се мотивирани да творат за деца затоа што оваа литература од школскиот...

Continue reading

elektronski dnevnici

Електронските дневници создадоа збрка

Post Views: 2 Електронскиот систем за управување со образованието или електронските дневници почнаа да им создаваат главоболки на училиштата. Реагираат родители чии деца учат во  ОУ „Григор Прличев“ на тоа што одделенските наставници, покрај податоците за учениците, ги побарале и личните податоци на родителите, за  проект кој го спроведува Министерството за образование и наука. Родителите сметаат дека со податоците како што се единствениот матичен број, крвната група, етничка припадност, религија,  во голема мера се нарушува законот за заштита на личните податоци. Старателите на...

Continue reading

Grigor Prlicev

Недела на рускиот филм во Охрид

Post Views: 0 Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид од 19 до 23 септември ќе се прикажуваат филмови од руска продукција, во рамки на манифестацијата Недела на руски филмови. Организатори на манифестацијата се Министерство за култура на Руската Федерација, Министерство за култура на Македонија, Амбасада на Руската Федерација во Македонија, Филмскиот фонд на Македонија, Рускиот културно-информативен центар, Кинотека на Македонија и Студио „Фест-филм“. Освен во Охрид, Недела на руските филмови ќе се одржи и во Скопје и во Битола. {loadposition content9}

Continue reading

Grigor Prlicev

Центарот за култура ќе се подновува

Post Views: 33 Охридскиот центар за култура „Григор Прличев“ го замени дотраеното филмско платно со ново. Се очекува негово монтирање пред почетокот на есенската филмската ревија. Центарот за култура последниве години иако со бавно темпо ги подобрува условите во кино салата. Модернизирањето  го прават дел со  сопствени средства, но и со помош на спонзори и ресорното министерство. Пред две години се санира кровната конструкција, а се среди и внатрешниот ентериер. За поправка на кровот ресорното министерство потроши 1 милион и четиристотини денари. Сега има нови најави за осовременување...

Continue reading

avatar

„Аватар“ наскоро во Охрид!

Post Views: 5 Но пред оваа премниера, за најмладите ќе се прикажува „Мачорот во чизми“. Ови две премиери претставуваат мини најава на овогодинешната кино филмска сезона.„Мачорот во чизми“ за најмладите и „Аватар“ за љубителите на филмските мегаспектакли на кино репертоарот во Охрид. Од Центарот за култура информираат дека „Мачорот во чизми“ децата ќе може да го погледнат на 4-ти и 5-ти март, односно во петок и сабота. Потоа следува вистинскиот филмски деликатес. Научно-фантастичниот блокбастер, „Аватар“ кој во светот заработи близу две милијарди ќе се прикажува од десетти март. Ова...

Continue reading

Bista

Трајна вредност

Post Views: 2 Одбележувањето на патронот на ОУ “Григор Прличев”, годинава ќе биде спектакуларно. Охрид деновиве во знакот на чествувањето на делото на Прличев. Годинава се навршуваат 150 години од Прличевото поднесување на поемата за добивање на Ловоровиот венец во Атина. А  во ОУ „Григор Прличев“, веќе два месеци течат подготовките за патрониот празник на училиштето, 6 февруари. За протоколарниот дел по повод одбележувањето на патронот кажа директорот на училиштето Сашо Ставрески. „Низа активности ќе бидат дел од богатата програма која нуди интересни содржини, што ќе го привлечат...

Continue reading

bista

Врачена наградата Григор Прличев

Post Views: 2 Наградата Григор Прличев свечено му беше врачена на Петре Бакевски. „Навистина се чувствувам горделиво дека сум поетски потомок на вториот Хомер, на човекот што високо го воздивна Македонскиот дух и среде Атина ги порази тогашните најголеми Грчки поети“, рече добитникот на наградата Григор Прличев. Со изложба на ликовни дела од колекцијата на центарот за култура „Григор прличев“ денеска започна престижната културна манифестација „Прличеви беседи 2009“. „Голема чест и признание е да се добие наградата Прличеви беседи. Ако постои врв во Македонската традиција во големиот...

Continue reading

kniga

Петре Бакевски е добитник на наградата Григор Прличев

Post Views: 6 Жирито од пристигнати 20- тина поеми ја избра „Атлантида“ на Бакевски. Академик Митко Маџунков ќе даде осврт за поемата  „Атлантида“, а ќе одржи и беседа за ликот и делото на Григор Прличев. Организатор и домаќин на манифестацијата е НУ Центар за култура која го ноци неговот има. За најдобрата поема, на поетот Бакески  ќе му биде врачена  и парична награда во износ од 1500 евра. Директорот на центарот, Драгана Боцеска вели дека наградата се доделува за поема, за  книжевниот вид кој е подзаборавен и за кој поетите се  потикнуваат да творат во тој жанр. Февруари е месец...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top