Електронските дневници создадоа збрка

Електронскиот систем за управување со образованието или електронските дневници почнаа да им создаваат главоболки на училиштата.

 |  Валентина Неловска  | 
elektronski dnevnici
електронски дневници

Електронскиот систем за управување со образованието или електронските дневници почнаа да им создаваат главоболки на училиштата. Реагираат родители чии деца учат во  ОУ „Григор Прличев“ на тоа што одделенските наставници, покрај податоците за учениците, ги побарале и личните податоци на родителите, за  проект кој го спроведува Министерството за образование и наука. Родителите сметаат дека со податоците како што се единствениот матичен број, крвната група, етничка припадност, религија,  во голема мера се нарушува законот за заштита на личните податоци. Старателите на учениците се прашуваат дали е тоа дозволиво и за што ќе бидат користени личните податоци. Од училиштето нагласуваат дека само ги спроведуваат  барањата од ресорното министерство.

Офелија Петреска, педагог од ОУ „Григор Прличев“ вели „Бевме во дилема дали д аги бараме податоците , но проценивме дека МОН при креирање на апликациите осмислиле кои податоци им се потербниза базата податоци. Наше беше да го спроведеме бараното,а не да правиме проценка дали тир податоци ќе и требаат или не.“

Од ОУ „Григор Прличев“ сметаат дека доколку МОН процени дека не се потребни податоците од родителите и учениците, МОН треба да ги извести училиштата, но и да ги повлече апликациите од проектот.

Твм ги контактираше и останатите општински основни училишта за тоа како тие го спроведуваат Електронскиот систем за управување со образованието. Заедничко за  училиштата е што нема да ги бараат од учениците  личните податоци за родителите затоа што  процениле дека не се задолжителни. Некои училишта  реагираат дека воопшто не знаат дали податоците ќе бидат употребени токму за воведување на електронскиот дневник. Сметаат дека електронскиот дневник е добра можност да се има увид како се одвива наставата и од страна на министерството, но и од родителите. Но, во моментов, имплементирањето на електронскиот дневник, односно овој проект на МОН  е пропратен со  голем број слабости. Од училиштата нагласуваат дека поголемиот број од нив немаат интернет конекција, наставниците не се доволно обучени и рокот на имплементирање е многу краток“.

Останува да видиме како ќе се спроведува проектот со Електронскиот систем за управување со образованието или електронските дневници и дали од министерството за образование и наука е на повиодок  уште еден јалов проект. Во конатација на ова оди и тоа што портпаролот на ресорното министерство Горан Галевски и овојпат затаи со ветената информација.

podatoci

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top