Приредба по повод патронот на О.У. „Григор Прличев“

О.У. Григор Прличев, синоќа го одбележа својот патрон. Настапот на учениците од ова училиште, со своите изведби ја воодушеви публиката во преполнетата кино сала. Присутни беа и гости, ученици од Словенија, кои исто така се претставија со своја програма.

 |  Билјана Николоска  | 
приредба
приредба

Традиционално и годинава О.У. „Григор Прличев“, го одбележа својот патрон. Во рамките на одбележувањето преку низа активности, учениците, како и целокупниот наставен кадар, добро се покажаа пред охридската јавност, синоќа во Центарот за култура. Најмладите со нетрпение чекаа да се претстават. Полни со емоции, а пред се максимално концентрирани за настап, кажаа дека чест е да се биде учесник во програмата за одбележувањето.

Основците преку својот настап низ музика, игра, песна, рецитал и други точки го потврдија својот талент. Исто така воодушеви и настапот на учениците од Словенија кои беа специјални гости за патронот на О.У. „Григор Прличев“, а кои покрај другото имаа подготвено музичка точка на македонски јазик. Кино салата во Центарот за култура беше преполна. Покрај учениците и родителите, присутни беа голем број видни личности од образовниот и општествениот живот на градот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top