Подготвена програмата за „Прличевите беседи“

5 и 6-ти февруари се денови кога се чевствува името и делото на големиот македонски преродбеник и писател од 19 век – Григор Прличев. Во негова чест библиотеката Григор Прличев, завод и музеј, основното училиште и центарот за култура Григор Прличев, во координација со општина Охрид и подржани од Министерството за култура, организираат низа манифестации.

 |  Татјана Маленкова  | 
kuka Grigor Prlicev
куќа на Григор Прличев

Во текот на програмата предвиден е и настап на хорот при Центарот за култура, беседа ќе одржи Ристо Јачев, а ќе биде врачена и повелбата и наградата за најдобра поема “Григор Прличев” за 2011 год. Традиционално како и секоја година, ќе биде објавен и конкурс за најдобра поема “Григор Прличев” за 2012 година.
Организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија.

Во склоп на активностите за „Прличевите беседи“ на 6 ти февруари пред бистата на Прличев пред градската библиотека ќе биде положен ловоров венец и свежо цвеќе, а реч во име на Друштвото на писатели на Македонија ќе одржи Видое Видечески. Истиот ден точно на пладне ќе се одржи и панихида и ќе се положи свежо цвеќе на гробот на Григор Прличев. Според програмата во 12.30 часот ќе се одржи културно уметничка програма во спомен куќата на Прличев.

Свечената приредба по повод патрониот празник ОУ Григор Прличев ќе одржи во националната установа центар за култура Григор Прличев во 19.00часот.    

 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top