О.У. „Григор Прличев“ го слави својот патронен празник

Со полагање на ловоров венец и свежо цвеќе на бистата на Прличев, како и читање на првонаградените литературни творби започна прославата по повод патронатот.

 |  Крсте Голабовски  | 
патронат
патронат

Пред бистата на големиот поет и преродбеник во дворот на училиштето, беше положен ловоров венец, а беа прочитани и првонаградените литературни творби од конкурсот на тема „Охрид, моја гордост, моја инспирација“. Ликот и делото на  Прличев, најголема инспирација за младите поетеси.

„Моја инспирација беше Григор Прличев, кој е човек што и покрај сите грчки плукања тој успеал да стане втор Хомер и тоа мене ми беше многу голема инспирација за да напишам песна, ми требаа два дена и јас со голема желба ја напишав таа песна“, велат Мартина Целеска и Марија Мисоска.

izlozbaВо чест на патронатот, беше поставена и изложбата на уреди со автоматско уредување и роботика. Цветанка Ристеска – наставник по Техничко образование, кажа дека денешната презентација е само дел од активностите на учениците на часовите по Техничко образование, но и од часовите по слободни ученички активности.

„ Морам да кажам дека на секцијата на сите, вклучувајќи ме и мене многу забавно и интересно, меѓутоа она што е најдобро учениците на тој начин, многу повеќе и на полесен начин можат да научат“ објаснува наставничката Ристеска.

RisteskaМладите иноватори ни објасниа дека роботите се прво изработувани од лего материјали, а потоа со помош на соодветна компјутерска апликација истите се програмирани да вршат одредени задачи кои имаат примена во секојдневниот живот.

„Работев на роботот Алфа Рекс, го програмиравме да бара зелено топче, било кое топче да му дадеме, тој се лути и го отфрла,.0,33 + лепи 0,37 Работевме во група, повеке деца, а ако му дадеме зелено точче, тој се радува и игра“, вели Бојан Трајкоски – ученик VI-то одделение

Во рамки на одбележувањето на патронатот на ова училиште, се одржа и спортски натпревар во мал фудбал, помеѓу екипите на О.У„Григор Прличев“ и О.У„Св.Климент Охридски“, а програмата ќе ја заокружи свечената приредба во Центарот за култура „Григор Прличев“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top