Ознака: општина

Општина Дебрца се вклучи во националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2021”

Post Views: 7 Општина Дебрца се вклучи во националната кампања “Ги запознаваме ретките болести 2021”.Со стартот на националната кампања , која ќе трае до 28 Февруари – Светскиот ден на ретки болести, годишен настан за подигнување на јавната свест во однос на ретките болести и влијанието кое тие го имаат на квалитетот на животот на пациентите, како и нивните права и потреби. „Во знак на подршка на пациентите со ретки болести и нивните семејства , но и за подигнување на јавната свест ,особена чест ни е и општина Дебрца да се приклучи на кампањата.За таа цел, финансиски ќе ги помогнеме...

Continue reading

Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2022 година

Post Views: 9 Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2022 годинаПартиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет,велат од Општина Дебрца. „Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии.Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници“, стои во повикот. Секој пополнет формулар ќе биде темелно прегледан од нашите сектори и предлозите за нови...

Continue reading

Градоначалникот на општина Ресен го посети инфо центарот на НП „Галичица“

Post Views: 5 Градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, придружуван од претставник од општината Ресен, ја посети Јавната установа Национален парк Галичица во просториите на инфо центарот во Охрид. Целта на посетата беше запознавање со вредностите на Националниот парк Галичица, административното работење, начинот на финансирање, како и можноста за соработка со Општина Ресен. Имено, во текот на претходната година беа воспоставени работните групи со цел апликација на проектот финансиран од Европската Унија кој заедно со Македонското Еколошко Друштво како лидер на проектот,...

Continue reading

Вработувањата во Општина Охрид единствено предизвикаа дискусија на седницата на Совет

Post Views: 1 Предлог одлуката за измени на годишниот план со кој се предвидени 32 вработувања во општината за оваа година беше прифатена со 13 гласа ЗА додека пак советниците од  опозиционата ВМРО ДПМНЕ беа против. Неприфатливо е планот кој веќе беше донесен да се изменува во насока на зголемување на превидените вработувања во година во која општината е исправена пред низа предизвици предизвикани од корона кризата и загрозениот УНЕСКО статус, кажа Гордана Коњановска, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ. „Ако кажуваме дека ќе биде од голема помош износот од 6 милиони...

Continue reading

Донев: Георгиески доби партиска наредба од СДСМ да реализира нови 32 вработувања во општина Охрид

Post Views: 1 Георгиески доби партиска наредба од СДСМ да реализира нови 32 вработувања во општина Охрид, обвини денеска на прес конференција претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ , Сашо Донев. Според него новите вработувања ќе ги чинат граѓаните над 200.000 евра на годишно ниво. Ваквиот однос на градоначалникот е крајно потценувачки и срамен, во услови на тешка економска криза, рече Донев. „За  партискиот послушник Георгиески нема пари за канализација во Лакочереј, Елшани, Трпејца, не го интересира тоа што во Ливоишта и Подмоље граѓаните се соочуваат со недостик на вода за пиење. “ –...

Continue reading

Општина Охрид додели стипендии на ученици и студенти

Post Views: 2 Општина Охрид ја објави конечната листа на ученици од основните и средни училишта кои се добитници на стипендии, како и листата и на ученици кои не исполнуваат услови за доделување на стипендија. Потпишувањето на договорите за доделените стипендии ќе се врши 04.02.2021 до 10.02.2021 година во Општина Охрид. За добитниците (малолетни лица) на стипендии задолжително е присуство на родител. – информира Општина Охрид. Со одлука на градоначалникот поништен е делот од Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии на домашни...

Continue reading

Градоначалник, советник во влада и директорка на банка во притвор.

Post Views: 6 Обвинителството, како што се наведува, како причини за притвор биле дека осомничените се во можност да влијаат на сведоците и дека можело да дојде до вознемирување на јавноста бидејќи станува збор за лица кои се високорангирани во власта. Градоначалникот на Будва, владиниот советник за инвестиции и странски вложувања и директорката на Прва банка по одлука на судот , повторно се притворени иако претходно биле пуштени од притвор. Лазар Раѓеновиќ, Александар Тичиќ и Јелица Петричевиќ се осомничени дека во 2007 година при продажба на општинско земјиште во местото Кошуљин,...

Continue reading

Општина Дебрца го доби првото тениско игралиште

Post Views: 6 Општина Дебрца го доби и првото тениско игралиште. Игралиштето е во балон салата и е едно од ретките во Македонија во покриен простор. За овие активности од буџетот на општината се издвоени вкупно 175.000 денари и тоа за санацијата на балон салата -40.000 денари и за изработка на акрилната подлога на тениското игралиште ( за набавка на специјалните акрилни бои ) -135.000 денари. Ентузијастите од ЗФК “Св.Петар” село Лешани, кои доброволно и без надомест ја изработија акрилната подлога и се иницијатори за формирање на првиот тениски клуб во општина Дебрца. Советот на општината...

Continue reading

Амбасадорката Алтхаузер ја посети општина Струга

Post Views: 1 Во работна посета на општина Струга денес беше германската амбасадорка Кристине Алтхаузер. Таа се сретна со вршителот на должност градоначалник Мустафа Забзун. Повод беше проектот на германската амбасада во детската градинка „Сонце“. „Почитуваната амбасадорка учествува во еден проект на детската градинка во Струга од пред една година. Опремувањето на една просторија во детската градинка заврши успешно. Проектот е завршен и денес се дојдени да го финализираме тоа. Разговаравме за општи теми и за ситуацијата во Република Македонија“, рече Забзун. За жал, во Струга поретко...

Continue reading

Состојбата на сите критични локации во Општина Охрид, каде што постои опасност од излевање на вода е стабилна

Post Views: 1 Состојбата на сите критични локации во Општина Охрид, каде што постои опасност од излевање на вода е стабилна . И покрај обилните врнежи од дожд кои во текот на изминатите денови го зафатија Охридскиот регион, нивото на реките и каналите засега е нормално и до сега не е детектиран ниту еден проблем со излевање на вода од канализациониот систем. Eкипите на Јавните претпријатија направија увид на сите критични места и интервенирано е само на еден потег на улица „Железничка“, каде што дел од куќите се на пониско ниво и самото тоа придонесува за поплавување на одредени ...

Continue reading

Општина Охрид: Исполнувањето на препораките од УНЕСКО за нас останува приоритет

Post Views: 3   Во изминатите 18 месеци Општина Охрид како локална власт, но и во координација со другите надлежни институции и Владата континуирано и посветено работела на зачувување на природното и културно национално богатство на Охридскиот регион. Но , додаваат дека се работи за сложен процес, кој бара огромен ангажман, време и средства. И покрај тоа, спроведени се сериозни активности со кои се става крај на децениската деградација на овој регион, велат од општината во соопштение за јавност. „Првпат е донесен сеопфатен План за управување со светското природно и културно наследство...

Continue reading

ПРЕЗАКАЖАНА ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 6 Бидејќи на 22.11.2021 година (понеделник) се одбележува празникот „Ден на албанската азбука“, поради тоа неможноста за присуство на седница на дел од членовите на Советот, а со цел да се овозможи присуство на сите советници, се презакажува 3-тата седница на Советот на Општина Охрид закажана за тој ден., информираат од Локалната Самоуправа. 3-тата седница се презакажува за ден 24.11.2021 година (среда) со почеток во 8:30 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид-голема сала.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top