Градоначалникот на општина Ресен го посети инфо центарот на НП „Галичица“

Градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, придружуван од претставник од општината Ресен, ја посети Јавната установа Национален парк Галичица во просториите на инфо центарот во Охрид.

 |   | 

Градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, придружуван од претставник од општината Ресен, ја посети Јавната установа Национален парк Галичица во просториите на инфо центарот во Охрид.

Целта на посетата беше запознавање со вредностите на Националниот парк Галичица, административното работење, начинот на финансирање, како и можноста за соработка со Општина Ресен.

Имено, во текот на претходната година беа воспоставени работните групи со цел апликација на проектот финансиран од Европската Унија кој заедно со Македонското Еколошко Друштво како лидер на проектот, Национален парк Галичица и општината Ресен, оваа година ќе почнат со реализиција на активности во Преспанскиот регион и во НП Галичица. Исто така беше предложено зајакнување на соработката помеѓу општина Ресен и ЈУНП Галичица преку потпишување на меморандум за соработка, со кој ќе се утврдат обврските се со цел заедничка и поголема заштита на природата во овој регион.

На оваа средба беше заклучено да се одржи следен работен состанок со Секторот за животна средина при општина Ресен, каде преку презентација на Годишната програма за заштита на Природа на ЈУНП Галичица и Годишната програма за работа во секторот за животна средина при општина Ресен, ќе се сублимираат активностите кои се од заеднички интерес и ќе се одредат временски рамки за реализација на истите.

Оваа официјална посета на Јавната Установа Национален парк Галичица од страна на градоначаник од Охридско-Преспанскиот регион е прва од овој вид во поновата историја на паркот, а соработката ќе продолжи и во иднина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top