Ознака: општина

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД ВО ПОСЕТА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА КИНА

Post Views: 17 Делегација на Општина Охрид, составена од Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска и Секретарот на Општина Охрид Игор Бежоски од 11-ти до 14-ти јуни престојуваа во официјална посета на Народна Република Кина. Во координација со амбасадата на Република Северна Македонија во Пекинг, делгацијата на општина Охрид учествуваше на петата работна сесија во градот Далиан, во рамките на Процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Југоисточна и Централна Европа на Асоцијацијата на локални власти. За време на церемнонијата на отворањето на...

Continue reading

Општина Струга мора да ги спроведе препораките на Унеско за заштита на Охридскотo крајбрежје

Post Views: 5 Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски, најави работна посета на општина Струга и средба со градоначалникот Рамиз Мерко. Досега соседната општина не презеде никаки активности за одстранување на нелегалните градби на крaјбрежието според препорките на Унеско за разлика од општина Охрид. Мерко во повеќе наврати тврдеше дека нема нелегални градби во неговата општина, а нема ни податоци колкав е бројот на нелагалните објекти в долж крајбрежјето. „ Врз основа на документација сакам да видам што е нелегално, кој е планот на општината за решавање на овие прашања....

Continue reading

Советниците ги изгласаа измените на годишниот план за вработување во Општина Охрид

Post Views: 2 Советот на Општина Охрид ја одржа седмата седница со 46 точки на дневен ред од кои повеќе од половината се однесуваа на урбанистичката сфера односно легализации на дивоградби и усогласување на намената на земјиштето. На седницата која траеше час и половина поголема дискусија предизвика годишниот план за вработување во општинската администраицја за 2022 година. Опозициските советници со забелешки за новата локална власт дека предвидува нови вработувања во општината нешто што остро го критикуваа додека беа опозиција. Со оглед на критиките за превработеност во администрацијата...

Continue reading

Со грант од ЕУ, Општина Дебрца доби канти за собирање комнален отпад со што започнува организираното подигање комунален отпад

Post Views: 9 Во некои од селата во средна Дебрца, деновиве пристигнаа кантите за собирање отпад кои општината ги обезбеди преку грант во рамките на Проектот „Унапредување на општинското владеење“’, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Исто така дел од кантите се распределени и во селата од Горна Дебрца ( Врбјани, Годивје, Лактиње, Арбиново ). Садовите за собирање на комнален отпад се распоредени врз основа на претходно утврден план од Јавното претпријатие и се поставени на јавни површини, со што и во овие села...

Continue reading

Димитар Велјаноски поднесе оставка од советничкото место во Општина Охрид

Post Views: 28 Димитар Велјаноски поднесе неотповиклива оставка од местото советник во Советот на Општина Охрид. Велјаноски на локалните избори беше носител на независната листа „Охрид пред сѐ“, граѓанското движење што освои едно место во 23-члениот совет на Општината. Според изборната листа, а и информациите од „Охрид пред се“, местото на Велјаноски во Советот ќе го заземе Леона Кичеец. Инаку, првичните информации се дека оставката на советничката функција е поднесена од лични причини.

Continue reading

Општина дебрца го одбележува втори февруари – Светскиот ден на водните живеалишта

Post Views: 14 По повод 2 февруари – Светскиот ден на водните живеалишта, „ЕКОТУРИЗАМ 2016“ Охрид како организатор и Општина Дебрца како домаќин, заеднички ќе го одбележат настанот „КОН ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ СО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, СТУДЕНЧИШКО БЛАТО И БЕЛЧИШКО БЛАТО“. Во агендата за овој еколошки важен датум се предвидени презентации за студиите за валоризација на овие важни екосистеми, прикажување на едукативно-документарен филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“, како и јавна дискусија и дегустација на традиционални специјалитети. Во одбележувањето ќе се придружат Министерството...

Continue reading

СТРАТЕГИЈАТА ЗА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД НА ЈАВЕН УВИД

Post Views: 5 Младите се носители на позитивните промени, како на државно ниво, така и во Локалната самоуправа. Тие се ресурс за иновации и идна движечка сила на социјалниот и економскиот развој. Општина Охрид ја почитува оваа значајна улога на младите и токму затоа од исклучителна важност е постојано и систематски да се вложува во нивниот развој, но и во воспоставување на механизми за нивно активно учество во општествените процеси. Само со градење на вистинско партнерство помеѓу институциите и младите ќе знаеме дека политиките се инклузивни, ги одразуваат и адресираат вистинските...

Continue reading

ОПШТИНА ДЕБРЦА МАКА МАЧИ СО ДИВИТЕ ДЕПОНИИ

Post Views: 6 По уредувањето на дивата депонија во местноста “Царо Поле”, село Ново Село, службите на Општина Дебрца започнаа со чистење и уредување на уште една поголема депонија во општината, лоцирана во непосредна близина на распределителната градба на река Сатеска, на влезот од село Волино. Простор кој претставуваше грда слика и на кој беа депонирани поголемо количество на градежен шут, комунален и инертен отпад, кој претходно на неколку наврати го чистеле комуналните служби на Дебрца. Од општината децидни, против сите оние кои ќе бидат затекнати во деградација на исчистениот...

Continue reading

Општина Дебрца продолжува со чистење на одводните канали, речните корита, а се чистат и дивите депонии

Post Views: 7 Градежната механизација на Општина Дебрца и јавното комунално претпријатие продолжуваат со чистење на одводните канали во Општина Дебрца, а истовремено привршува и обемната активност за чистиење на дивите депонии во неколку селски средини. Изминативе неколку дена во селото Белчишта беше исчистен одводен канал во место викано “Чунејнца”, во должина од околу 400 метри, се спроведе чистење на речното корито на Голема Река, на делниците: Манастир “Св.Атанасије” – Д.Средорече ( околу 400 метри ) и Манастир “Св.Атанасије”-селска воденица ( 500 метри ), во село Оровник, чистење...

Continue reading

СВИКАНА ПЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 13 Свикана петтата седница на Советот на Општина Охрид на ден 13.12.2021 година ( понеделник ) со почеток во 09:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид. На дневниот ред на ова издание на седницата ќе се најдат следните точки: Предлог – Одлука за разрешување и именување членови во Управниот одбор на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид. Предлог – Одлука за разрешување и именување членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП„Билјанини извори“ – Охрид. Предлог – Одлука за разрешување и именување членови во Управниот...

Continue reading

Изградба на бетонски пропусти на локални и полски патишта и улици во општина Дебрца

Post Views: 2 Минатата година, поаѓајќи од барањата на граѓаните Општина Дебрца отпочна со проектот “Изградба на бетонски пропусти на локални и полски патишта и улици во општина Дебрца”. Проектот опфати повеќе активности : поставување на армирано бетонски цевки за премостување на водотеци, изградба на бетонски влезни и излезни шахти за пропусти, крилни ѕидови, изградба на бетонски канали за вода со или без метални решетки и друго. Од проектот досега е реализирано: -зафаќање и регулација на атмосферските води на две улици во село Мешеишта,-премостување со армирано бетонски цевки на...

Continue reading

Усвоен нацрт буџетот на Општина Охрид за 2022 год

Post Views: 0 Советот на Општина Охрид денеска ја усвои нацрт верзијата на Буџетот за 2022 година. Со тоа започна постапката за носење на општинскиот буџет за претстојната година при што ќе има јавна расправа и граѓаните и советниците ќе имаат можност да даваат свои забелешки и сугестии за кроењето на јавните финансии. Според драфт верзијата која денеска на седница ја разгледуваа советниците буџетот за следната година тежи нешто повеќе од 10,5 мил евра. Опозицијата реагираше на намалувањето кај капиталните расходи, а никаква промена кај непродуктивните трошења. Ставката Уредување...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top