• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Донев: Георгиески доби партиска наредба од СДСМ да реализира нови 32 вработувања во општина Охрид

Донев: Георгиески доби партиска наредба од СДСМ да реализира нови 32 вработувања во општина Охрид

Советниците да не ја поддржат Предлог одлуката за измени на Годишниот план за вработување на општина Охрид за 2021  година, повика претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев. Нови 32 вработувања во и онака превработената општинска администрација во услови на економска криза е потценувачки однос кон граѓаните, обвини Донев.

 |   | 

Георгиески доби партиска наредба од СДСМ да реализира нови 32 вработувања во општина Охрид, обвини денеска на прес конференција претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ , Сашо Донев. Според него новите вработувања ќе ги чинат граѓаните над 200.000 евра на годишно ниво. Ваквиот однос на градоначалникот е крајно потценувачки и срамен, во услови на тешка економска криза, рече Донев.

„За  партискиот послушник Георгиески нема пари за канализација во Лакочереј, Елшани, Трпејца, не го интересира тоа што во Ливоишта и Подмоље граѓаните се соочуваат со недостик на вода за пиење. “ – кажа Донев.

Телефонист, разни администратори, лица за протокол и присилна наплата на даноци,  се дел од новите позиции кои се предвидени да се пополнуваат  во општинската администација Годишниот план за вработување за 2021. Со 250 вработени општинската администрација веќе е пренатрупана,  а се продолжува со вработување, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.

„Наместо да се зафати со ВИСТИНСКО спроведување на препораките на УНЕСКО и овие средства да ги намени на отстранување на диви градби (јасно е дека средствата одобрени од Влада се симболични) и финансирање на ДУП-ови за да не никнуваат нови диви градби, тој ќе вработува.“

Претседателот на опозиционата ВМРО ДПМНЕ ги повика  советниците на утрешната седница да не го поддржат предлогот на Георгиески и, како што рече, да застанат во одбрана на интересите на граѓаните кои ги гласале.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top