Ознака: општина

Советот на Општина Охрид задолжи Комисија да испита каква е состојбата на водоводот во Куратица

Post Views: 22 Се бара решение за жителите од селото Куратица за квалитетно водоснабдување од селскиот водовод. Градскиот Совет на вчерашната седница задолжи да се формира Комисија која ќе утврди во каква состојба се наоѓа изградениот месен водовод. Жителите се надеваат дека наскоро ќе се реши нивниот проблем и водоводот ќе го преземе и управува ЈП Водовод. Горан Ангелоски од МЗ појаснува во каква состојба е мрежата во селото.  „Има одличен резервоар од 150 метри кубни и помошен резервоар кој со помош на Германската амбасада го направивме со околу 40 метри кубни. Има 11 каптажи, еден...

Continue reading

Општина Охрид усвои буџет со историски највисoк износ

Post Views: 3 Историски рекорден буџет на Општина Охрид за 2021 година тежок 730 милиони и 716 илјади денари. Износот на проектираниот буџет се зголеми денеска во ставката капитални трансфери за 45 милиони денари кои Владата ги одобри на Општина Охрид како дополнителни средства за проектот за реконструкција на градскиот кеј. Мнозинството советници го изгласаа буџетот на општината со кој според Градоначалникот опфатени се сите општествени развојни сфери кои се од интерес на граѓаните. Посветен е на урбанизмот, уредување на градежно земјиште, локално економскиот развој и развој на...

Continue reading

Општина Вевчани се откажува од организирање на концертите на 12- ти и 13- ти јануари

Post Views: 1 „Општина Вевчани се откажува од организирање на концертите на 12- ти и 13- ти јануари за да се спречи масовно собирање поради пандемијатата со Ковид-19. Но, ниту некогаш се мешала, ниту има право да се меша, а најмалку да ја одлага Свети Василија“, напиша на својот фејсбук профилл, Сашо јанкоски градоначалникот на Вевчани. Организацијата на поворките со Василичари е на Василичарските друштва Горно и Долно мало и тоа е нивно право, но и обврска. Го повторувам она што го кажав и за медиумите: “Општина Вевчани нема право да се меша во тоа дали ќе има поворки на василичарските...

Continue reading

Разрешен претседателот на Советот на општина Струга

Post Views: 6 Разрешен претседателот на струшкиот Совет, Абдула Ќазимоски. На негово место како претседавач беше поставен Ристе Ќушкоски. Тоа се случи по предлог дополнување на дневниот ред со точка Разрешување на претседателот на Советот, на денешната седница на Советот на општина Струга, побарана од страна на Муамед Истрефи советникот од ДПА. Абдула Ќазимоски укажа дека со едно вакво предлог барање прекршени биле неколку деловнички прописи согласно статутот на Советот на општина Струга. „За да се одржи координација за денешната седница, одговорот од администрацијата беше дека истата...

Continue reading

Општина Охрид е подготвена за штедење на електрична енергија

Post Views: 5 Во Охрид засега не се чувствува енегетската криза и покрај тоа што е прогласена енергетска криза во државата. Во вечерните часови светат  уличното осветлување, излозите и рекламите. Граѓаните се прашуваат зошто општината не презема мерки за штедење на електричната струја. Здравко Петрески, советник за енергија и енергетика во Секторот за комунални дејности, информира дека општина Охрид е подготвена за спроведување на рестриктивните мерки за штедење електрична енергија доколку тоа го побара Комисијата за кризна состојба која ги следи состојбите во енергетскиот сектор....

Continue reading

СВИКAНА ПЕДЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 3 За почетокот на наредната недела во вторник свикана 53та седница на Совет на Општина Охрид. На обемниот дневне ред пред крајот на оваа календарска година ќе се најде предлог- одлуката за давање согласност на одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Водовод“ -Охрид за регулиран период 2021-2023 година, неколку предлог одлуки за усвојување на програмата за работење на јавните претпријатија како и одлука за за верификација на мандат на член во советот на општина Охрид. На дневниот ред на ова последно издание на седницата...

Continue reading

Избрана фирма за чистење на канали, свлечишта и депонии

Post Views: 2 Избрана фирма како најдобар понудувач на тендерот распишан од општина Охрид за чистење на речни канали. Покрај одржување проодни речни канали и корита овој пат Фондот за комунални дејности бара фирмата да презема и дополнителни комунални услуги, информира Томе Џамтоски, портпарол на општина Охрид . „Колку што ми е познато за прв пат се распишува ваков општ тендер каде што влегуваат покрај ангажманите за чистење на речните корита , каналите и  расчистување на диви депонии, свлечишта и одрони“. Избраната фирма „Победа“  е задолжена за машинско и рачно одржување на наведените...

Continue reading

Општина Вевчани полека целосно ја комплетира својата канализациона мрежа

Post Views: 1 Владата на Република Северна Македонија донесе одлука на Општина Вевчани да и додели средства за изградба на канализациони линии во вредност од 5.248.058 денари. Средствата се обезбедени од ТАВ преку пренамената на средствата за изградба на карго аеродром.

Continue reading

Следната година во општина Охрид ќе се финансираат проекти за енергетска ефикасност и патна инфраструктура

Post Views: 6 Центарот за Југозападен плански регион поднесе два регионални проекти за финансирање на 9те општини од Програмата за рамномерен регионален развој. За 2021 година има на располагање средства во висина од 41 милион денари. Прифатени се проекти од 4 општини за подобрување на енергетска ефикасност на објекти и за 6 општини за подобрување на патната инфраструктура и економскиот развој. Од општина Охрид се прифатени по еден проект од двете области за користење средства од Програмата за регионален рамномерен развој, инфромира Мирјана Лозаноска, директор на Центарот за Југозападен...

Continue reading

Питачењето сериозен проблем во општина Струга

Post Views: 2 Питачењето сериозен проблем во општина Струга. Со цел да се надмине овој проблем како и да се изнајдат мерки кои треба да бидат преземени од страна на локалните власти, Центарот на заедницата на општина Струга организираше панел дискусија на тема „Згрижување на деца од улица“, како дел од нивната програма за реализација во 2017 год. Катерина Талеска Скепароска, проект координаторот на Центарот, истакна дека потребно е подолг временски период за надминување на овој проблем со координирано делување на надлежните институции кои се занимаваат со оваа проблематика. „Најчесто...

Continue reading

Завршена првата фаза од реконструкцијата на задружниот дом во село Требеништа, Општина Дебрца

Post Views: 4 Завршена првата фаза од реконструкцијата на Задружниот дом во село Требеништа и негова преадаптација во деловно- откупен и археолошко -изложбен центар. Во оваа фаза се изврши реконструкција на кровната конструкција, зајакнување на меѓукатната конструкција, поставување на нова дограма, изменување на распоредот во внатрешноста, таванската конструкција во приземјето, поставување на електричната инсталација и поврзувањето на водоводната мрежа и одведувањето на отпадните води, информира на својот фејсбук профил градоначалникот Зоран Ногачески. Вкупната вредност на работите...

Continue reading

ОПШТИНА ОХРИД НА ПРВО МЕСТО ПО ИНДЕКСОТ НА ОТВОРЕНОСТ НА ОПШТИНИТЕ

Post Views: 0 Општина Охрид има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2020 година како дел Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на истражувањето, кое беше спроведено од страна на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис е проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија. Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2020 година преку Индексот на отвореност Индексот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top