• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Советот на Општина Охрид задолжи Комисија да испита каква е состојбата на водоводот во Куратица

Советот на Општина Охрид задолжи Комисија да испита каква е состојбата на водоводот во Куратица

Курајчани се надеваат дека селскиот водовод наскоро ќе го преземе  ЈП Водовод. Советот на Општина Охрид задолжи формирање на мешовита Комисија која ќе испита во каква состојба се изворите и водоводот во селото. Од месната заедница тврдат дека водоводната мрежа  е во одлична кондиција.

 |  Валентина Неловска  | 

Се бара решение за жителите од селото Куратица за квалитетно водоснабдување од селскиот водовод. Градскиот Совет на вчерашната седница задолжи да се формира Комисија која ќе утврди во каква состојба се наоѓа изградениот месен водовод. Жителите се надеваат дека наскоро ќе се реши нивниот проблем и водоводот ќе го преземе и управува ЈП Водовод. Горан Ангелоски од МЗ појаснува во каква состојба е мрежата во селото.

 „Има одличен резервоар од 150 метри кубни и помошен резервоар кој со помош на Германската амбасада го направивме со околу 40 метри кубни. Има 11 каптажи, еден крак од водоводот е обновен останува уште еден крак од 300 до 400 метри да се поврзе. Можам слободно дa кажам дека водоводот во Куратица е во одлична состојба и со минимални инвестиции да функционира со водомери и неколку каптажи“. 

Светозар Стефановиќ, директорот на ЈП Водовод за ТВМ изјави дека веднаш по празниците ќе биде формирана мешовита Комисија од Локалната самоуправа и ЈП. Заедно ќе испитаат на терен во каква кондиција е издашноста на каптираните извори и водоводната мрежа во селото Куратица.

Во селото Куратица подолго време се провлекува проблемот со нарушување на квалитетот на водата за пиење. МЗ подолго време барала и водела разговори со ЈП да се реши пробемот и да го преземат управувањето на селската водоводна мрежа. Во вода паднале ветувањата од 2018 година од претходното раководство на ЈП Водовoд дека ќе го преземат во управување водоводот. Од Месната заедница веруваат дека ќе се најде заедничко решение и при утврдување на висината на цената на водата за пиење.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top