Општина Дебрца го доби првото тениско игралиште

Општина Дебрца го доби и првото тениско игралиште. Игралиштето е во балон салата и е едно од ретките во Македонија во покриен простор.

 |   | 

Општина Дебрца го доби и првото тениско игралиште. Игралиштето е во балон салата и е едно од ретките во Македонија во покриен простор.

За овие активности од буџетот на општината се издвоени вкупно 175.000 денари и тоа за санацијата на балон салата -40.000 денари и за изработка на акрилната подлога на тениското игралиште ( за набавка на специјалните акрилни бои ) -135.000 денари.

Ентузијастите од ЗФК “Св.Петар” село Лешани, кои доброволно и без надомест ја изработија акрилната подлога и се иницијатори за формирање на првиот тениски клуб во општина Дебрца.

Советот на општината кој ја поддржа реализацијата на оваа проектна активност во спортската инфраструктура.

Согласно Годишната програма за спорт за 2021 година сите спортски клубови и поединци од општината можат бесплатно да ја користат балон салата за спортски и рекреативни активности, а трошоците за тоа ќе бидат субвенционирани од буџетот на општината.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top