Ознака: кои

volonteri

Волонтерскиот дух на охриѓани

Post Views: 3 Охриѓанката, Домне Симончева припаѓа на генерацијата волонтери на општинскиот Црвен крст од самото нејзино формирање, март 1945 година. Оваа наша сограѓанка, во своето сеќавање се навраќа со видливи симпатии на  периодот кога станала дел од оваа хуманитарна организација. По завршувањето на 2 -та светска војна, осиромашеното население добивало меѓународна помош. Добиените пакети со облека и храна се распоредувле за граѓаните по месни реони, а постоела Комисија која строго ја контролирала поделбата.  Црвениот крст  водел огромна грижа  помошта да не се злоупотребува, се...

Continue reading

Dimitrieski

Со здружени сили против незаконитиот риболов

Post Views: 0 Посебен полициски тим на СВР Охрид, од 13 ноември па навака, во координација со езерската полиција, спроведе засилени мерки за пронаоѓање на лица кои во водите на Охридското езеро вршат незаконит риболов. Од СВР откриваат дека мерките биле спроведувани во различни временски периоди на целто крајбрежје. Во акциите за незаконит риболов против повеќе лица биле поднесени соодветни пријави. Здружението на рекреативни риболовци ја подржуваат секоја акција која се спроведува за заштита на риболовниот фонд, но и секоја акција која ќе се спроведе до крај. „Сметаме дека треба...

Continue reading

toaleti

Охрид и понатаму без локации за „зорт“

Post Views: 0 Охриѓани и туристите со години ги мачи еден наизглед банален проблем, немање јавни тоалети во чаршијата, крај брегот и во стариот дел од градот. Ова е проблем на кој подолго време не може да му се стави крај, кога станува збор за елементарните хигиенски  потреби на посетителите на нашиот град. За волја на вистината ова лето општината направи обид проблемот да го санира привремено со 24 мобилни тоалети поставени на 6 локации кои по сезонаатсе повлекоа од употреба. Но, јавни тоалети се потребни и вон сезона и тоа со посовремена санитарна опременост. Најави и добра воља...

Continue reading

pedofilija

Педофилијата е проблем за целото општество

Post Views: 2 Охридската јавност неодамна беше згрозена од еден случај на педофилија, а тоа за жал не беше единствениот пример. Се работи за табу тема која луѓето почесто ја премолчуваат поради стравот од социјална исклученост. Токму во насока на спречување на ваквите грозоморни акти беше и работилницата организирана од Центарот за социјални работи и Црвениот крст од Охрид. Педофилијата и сексуалната злоупотреба се злодела кои мора да се искоренат. За жал и Охридската јавност неодамна и самата беше сведок на еден ваков грозоморен чин. Овие два поими се табу тема за македонската...

Continue reading

Cvetko Grozdanov

Паѓаат цените на становите

Post Views: 5 Се градат стамбени згради со станови за сечиј џеб. Ова е најава на екс пратеникот на собранието на Р.М Цветко Грозданов, кој веќе цели шест месеци директорува со Акционерско друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Грозданов потенцира дека целта на А.Д. кое е под капата на Владата, да не дозволи цените на пазарот драстично да порастат. Додава, дека се тежнее кон замислата, секој граѓанин да може достојно да си го реши станбеното прашање. Но фактичката состојба е сосоема поинаква. Не е иста цената на стан во Скопје и Охрид, со останатите градови од земјава....

Continue reading

Dimitrieski

Парадокси во изборот на прв човек на охридските занаетчии

Post Views: 1 Според  Димитриески лицето кое ќе биде избрано за оваа функција треба во иднина поцврсто да ги претставува нивните интереси. Не би сакал да ја критикувам работата на поранешниот претседател, кој е познат занаетчија, но треба  да извлечеме поуки  и да бидеме поорганизирани, вели Димитриески. Димитриески укажува дека занаетчиите работат во многу тешко време, во рецесија. Од  заработувачката не   им останува за нивна  презентација со своиет занаети во земјава или надвор. Неорганизирани и без стартегија  не може ни да бараат пари од фондовите. Со добра организација и програма...

Continue reading

kale

Еден градежен инспектор

Post Views: 25 Општо е познато дека години наназад Охрид се соочува со неконтролирана градежна експанзија. Дали се гради легално или не, тоа не може со точност да се каже, бидејќи и надлежниот инспекторат се соочува со реален проблем, дефицит на кадри. Недоследностите кои постојат во градежната сфера во Охрид, колку и да звучи неверојатно, треба да ги открие и санкционира само еден градежен инспектор.  Раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски, се согласува со нашата забелешка, вели дека е на место и точно е тоа дека се кубури со градежни инспектори. Танасоски рече...

Continue reading

plivac

Охрид конечно ќе добие затворен базен

Post Views: 7 Охрид ќе добие затворен 25 – метарски базен. Овој објект кој ќе го гради агенцијата за млади и спорт е еден од 9 те пливачки базени, кои ќе се градат наредната година од страна на Агенцијата.  Изградбата на затворен базен во Охрид беше најавена и на седницата на влада на 17 ноември, кога уште беше соопштено дека базените ќе се градат согласно стандардите на ФИНА и ќе бидат соодветни за ватерполо и пливање. „Пратејќи ги владините седници во кои се зборуваше за Охрид, добив впечаток,  а тоа го кажа и премиерот дека сум вршел опстукции на владините проекти наменети...

Continue reading

mos

Владата подава рака кон општините

Post Views: 8 Има голем број на позитивни примери за меѓуопштинска соработка, но посебно се истакнува примерот на заедничкиот настап на источниот и североисточниот плански регион. Тие формираат меѓуопштинско претпријатие за управување со цврст отпад со кое ќе аплицираат за европски фондови во висина од околу 80 милиони евра.„УНДП во соработка со Министерството за локална самоуправа веќе има спроведено една активност, да направи едно досие ако може така да се рече на добри практики токму заради тоа што сметаме дека е многу важно да се инспирираат општините да учат од своите колеги....

Continue reading

ohrid opshtina

Премиерот и градоначалникот конечно се сретнаа

Post Views: 4 Долгоочекуваната средба Груевски Петрески конечно се оствари. Тема на средбата било влегувањето на Охрид во втора фаза на децентрализација, како и реализација на кредитно задолжување на општина Охрид.   „Па јас на премиерот му образложив со кои проблеми се соочуваме дека имаме сериозни проблеми во финансиското осамостојување дека од тие причини сме принудени да работиме на граница на законитост, дека тоа не е добо за општината и дека тоа не е добро за граѓаните на општина Охрид. Гледате со какви пробелеми во владава се соочуваат и во европските држави кои можат и да...

Continue reading

soobrakaj

За или против возачките дозволи за малолетници со наполнети 16 години?

Post Views: 0 Се погласни се коментарите околу предлогот да им се даде право на управување на моторно возило на лица со наполнети 16 години. Доколку овој предлог биде изгласан, се предвидува дека постар малолетник може да се стекне со право на оспособување за управување со моторно возило. Според некои автошколи кои се први едукатори во сообраќајот, овој предлог е сосема неоправдан и дека е неодговорно да се дава дозвола на малолетно лице кое сеуште не е во состојба да ги следи состојбите во сообраќајот. Тие велат, поседувањето на возачката дозвола не е мерило на безбедноста во сообраќајот....

Continue reading

babino kovceze

Ракотворбите од бабиното ковчеџе стигнаа и до младите

Post Views: 6 Тајните на вештата охридска жена, нејзиното прекрасно везење, шиење на народни носии и плетење допреа до младите. „Ракотворбите од бабиното ковчеџе“ е насловот на проектот кој веќе четири месеци се спроведува во соработка со општина Охрид, односно секторот за туризам и локален економски развој. Денешната работилница со наслов „Вредните бабини раце“ беше наменета за младите средношколки кои покажаа голем интерес да ги научат овие вештини. Ги запрашавме кои вештини кај нив пробудиле интерес и зошто е важно нивното изучување. „Уште како мала ја гледав баба ми како умешно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top