За или против возачките дозволи за малолетници со наполнети 16 години?

Ова е дилемата која се наметнува откако и јавно стана познат владиниот предлог. Целта на овој предлог според владата, е да се едуцираат малолетните лица, а со тоа во одредена мера да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

 |  Мишел Наумоски  | 
soobrakaj
soobrakaj

Се погласни се коментарите околу предлогот да им се даде право на управување на моторно возило на лица со наполнети 16 години. Доколку овој предлог биде изгласан, се предвидува дека постар малолетник може да се стекне со право на оспособување за управување со моторно возило. Според некои автошколи кои се први едукатори во сообраќајот, овој предлог е сосема неоправдан и дека е неодговорно да се дава дозвола на малолетно лице кое сеуште не е во состојба да ги следи состојбите во сообраќајот. Тие велат, поседувањето на возачката дозвола не е мерило на безбедноста во сообраќајот. Други автошколи пак со сосема спротивно мислење.

„Програмата што ќе биде предвидена ќе биде зголемена, и со таа програма тие технички ќе бидат наобразовани. Сето ова зависи и од нивното домашно воспитување и тоа колку тие до наполнети 16 години успеале да се оформат како личности. Меѓутоа ние како автошколи ќе вложиме напори до максимум да ги исцрпиме нашите можности да ги вклопиме во сообраќајот за безбедно управување.“-вели инструкторот Божин Филчоски

FilcoskiФилчоски додава дека на овој предлог единствено можеби му недостига обележувањето на моторните возила кои се управувани од малолетни лица. Според него, добро е овие возила да носат соодветна налепница која ќе покажува дека возилото е управувано од малолетно лице. И органите за безбедност со подршка за овој предлог.

Имено предлог измената на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата не е без свои ограничувања. Помеѓу условите кои треба да бидат исполнети спаѓа и брзината на движење која за малолетниците ќе биде лимитирана на 60 километри на час на јавни патишта, потоа, неможноста за управување на возило со јачина на моторот поголема од 75 киловати, но и неможност да се управува моторното возило во интервалот од 20 до 05 часот наутро или пак тоа да се прави во присуство на родител. Во корист на овој предлог оди и сообраќајната статистика која вели дека само во изминатата година сообраќајната полиција регистрирала околу 12.500 прекршоци „управување возило без возачка дозвола“, малолетни лица учествувале во 448 сообраќајни незгоди со тешки последици во кои 18 лица загинале, а 657 биле повредени. Веројатно двојбите околу полезноста на овој предлог никогаш нема да престанат, но факт е дека сообраќајната култура е една од најважните детерминанти на безбедноста во сообраќајот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top