Педофилијата е проблем за целото општество

Охридската јавност неодамна беше згрозена од еден случај на педофилија, а тоа за жал не беше единствениот пример. Се работи за табу тема која луѓето почесто ја премолчуваат поради стравот од социјална исклученост. Токму во насока на спречување на ваквите грозоморни акти беше и работилницата организирана од Центарот за социјални работи и Црвениот крст од Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
pedofilija
pedofilija

pedofilijaОхридската јавност неодамна беше згрозена од еден случај на педофилија, а тоа за жал не беше единствениот пример. Се работи за табу тема која луѓето почесто ја премолчуваат поради стравот од социјална исклученост. Токму во насока на спречување на ваквите грозоморни акти беше и работилницата организирана од Центарот за социјални работи и Црвениот крст од Охрид.

Педофилијата и сексуалната злоупотреба се злодела кои мора да се искоренат. За жал и Охридската јавност неодамна и самата беше сведок на еден ваков грозоморен чин. Овие два поими се табу тема за македонската јавност но и воопшто во светот. За среќа тоа не беше така на работилницата која беше организирана од Центарот за социјални работи и Црвениот крст од Охрид. На оваа работилница, учествуваа претставници од училиштата и детските градинки од околинава. Шокантна беше констатацијата околу личниот профил на педофилот.

pedofilija-prevencija„За жал најтрагичното е тоа што околу 80 проценти од случаите тоа се случува во кругот на блиските лица, на тие што помеѓу себе се знаат затоа што ние при работилницата го дефиниравме профилот на педофилот. Тоа се луѓе кои што се припремаат 5, 10, 15 години жртвуваат за да влезат во тој круг, во таа мрежа каде што има малолетни лица, да можат потоа лесно да дојдат до нив и на некој начин да ги злоупотребуваат.“-вели Ѓорѓи Тодороски-Педагог-Центар за социјални работи.

На работилницата беше разговарано за облиците и видовите на злоупотреба, но и последиците по младиот детски живот после една таква злоупотреба.

Todoroski„Во секој случај тоа најнегативно го доживуваат и оставаат длабоки трауми во текот на нивниот раст и развој. Симптомите кои што можат да се почувствуваат, да се доживеат по еден таков чин во зависност од интензитетот, од времетраењето како и колку тоа се случувало може да има катастрофални последици по развојот на младата личност и таа наместо да стане корисен член и граѓанин на општеството, да фати по криви патишта и едноставно да биде изгубена личност со безброј проблеми и истите проблеми трансгенерациски да ги рефлектира, да ги пренесува.“-додава Тодороски.

sostanokТодороски додава дека ова е тема за која мора да се разбијат табуата и предрасудите, ова е проблем за кој мора да се проговори бидејќи тоа не е нешто далечно, тоа е нешто што се случува во нашето непосредно окружување. Токму затоа тој вели ги одбравме наставниците како медиуми, како лица кои најлесно и најбрзо можат да го презентираат овој проблем, но тие имаат и најблизок контакт со најголемиот дел од малолетната популација. Сепак ова е проблем за кој сите мора да го подигнат гласот и да покажат загриженост со цел да се спречи некоја ваква трагедија во иднина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top