Еден градежен инспектор

Општинскиот инспекторат кубури со кадри. Тоа е најизразено во делот на градежниот инспекторат. Во моментов општина Охрид, има само еден градежен инспектор кој треба да се справи со неконтролираната градежната експанзија.

 |  Билјана Николоска  | 
kale
kale

Општо е познато дека години наназад Охрид се соочува со неконтролирана градежна експанзија. Дали се гради легално или не, тоа не може со точност да се каже, бидејќи и надлежниот инспекторат се соочува со реален проблем, дефицит на кадри. Недоследностите кои постојат во градежната сфера во Охрид, колку и да звучи неверојатно, треба да ги открие и санкционира само еден градежен инспектор.  Раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски, се согласува со нашата забелешка, вели дека е на место и точно е тоа дека се кубури со градежни инспектори. Танасоски рече дека истата оваа забелешка е ставена и во последниот извештај за работата на инспекторатот, кој е разгледан од Советот на општина Охрид и се чека одлука по истиот.
TanasoskiПокрај проблемот со дефицит на кадри, Танасоски нагласи дека и оние малкумина кои имаат соодветно образование за оваа дејност, го избегнуваат ова работно место, поради големата одговорност. Кулминацијата беше достигната минатата година, кога според охриѓани еден од најчесните и најсовесните  инспектори Зоран Плушкоски, беше тргнат од ова место. Танасоски во врска овој проблем рече дека кадровските измени се одлука на првиот човек на градот.
Но симптоматично е што и неговата замена, инспекторот Сашо Котели, побара прераспределба на друго работно место, поради неможност да се справи со обврските.
И покрај проблемот со дефицит на кадри, Танасоски тврди дека инспекторатот ги извршува своите надлежности во целост. Додава дека не е прогледано низ прсти на ниту една злоупотреба околу поставувањето на урбаната опрема. Но со составувањето на записникот и поднесувањето на пријава до соодветната институција, завршува нивната ингеренција. Во врска со вчерашната кривична пријава  на СВР Охрид, за незаконската узурпација на јавна површина од страна на познат угостител од Охрид, јавноста се прашува каде досега беше општинскиот инспекторат. Танасоски дециден, работиме согласно законот.  
Каде почнуваат и каде завршуваат ингеренциите на општинскиот инспекторат и не е толку важно ако се земе во предвид темпото со кое се рашаваат проблемите од грдежната сфера. Дали зголемувањето на бојот на градежни инспектори ќе ја забрза и динамиката на решавање на ваквите проблеми, ќе покаже времето.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top