Охрид и понатаму без локации за „зорт“

Охриѓани и туристите со години ги мачи еден наизглед банален проблем, немање јавни тоалети во чаршијата, крај брегот и во стариот дел од градот. Ова е проблем на кој подолго време не може да му се стави крај, кога станува збор за елементарните хигиенски  потреби на посетителите на нашиот град.

 |  Валентина Нелоска  | 
toaleti
toaleti

kejОхриѓани и туристите со години ги мачи еден наизглед банален проблем, немање јавни тоалети во чаршијата, крај брегот и во стариот дел од градот. Ова е проблем на кој подолго време не може да му се стави крај, кога станува збор за елементарните хигиенски  потреби на посетителите на нашиот град. За волја на вистината ова лето општината направи обид проблемот да го санира привремено со 24 мобилни тоалети поставени на 6 локации кои по сезонаатсе повлекоа од употреба. Но, јавни тоалети се потребни и вон сезона и тоа со посовремена санитарна опременост. Најави и добра воља да се изградат има, ама градските архитекти никако да ги пронајдат погодните локации. Локалната самоуправа  има намера за туристичката сезона 2012 да го реши овој проблем, вели портпаролот Симон Илиески. Но, брзината  за добивање на градежна  дозвола  ќе зависи од Министерството за транспорт и врски. Доколку се најдат соодветни локации кои се на државно земјиште,  Локалната самоуправа ќе мора да изработи програми со кои ќе бара амин од Министерството за транспорт и врски.
toaletiСо новиот Закон за заштита на старото градско јадро сега  постапката за добивање дозвола за градење  на современи јавни тоалети  на Плаошник или  Самоилова тврдина станува покомплицирана. Локалната самоуправа нема ингеренции за градење, туку ќе бара да с еповеде постапка од две министерства, Министерството за транспорт и врски и Министерството за култура.

Локалната самоуправа  сеуште не утврдила ни точна бројка на јавни тоалети кои му се потребни на градот. Од локациите ќе зависи и  нивниот број, потенцира портпаролот Илиески. Не е решено нити како тие ќе се градат. Нејасно е  дали општината ќе ги гради самостојно, со јавно или приватно партнерство. Додека завршат постапките и институциите се согласат останува искрено да се надеваме дека нивното градење нема да се одвива со брзина на желка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top