Парадокси во изборот на прв човек на охридските занаетчии

Кувенџијата, Ацо Димитриески реагира од името на повеќе охридски занаетчии дека не биле информирани и повикани на состанокот за избор на ново раководство на занаетчиската комора на Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 
Dimitrieski
Димитриески

Според  Димитриески лицето кое ќе биде избрано за оваа функција треба во иднина поцврсто да ги претставува нивните интереси. Не би сакал да ја критикувам работата на поранешниот претседател, кој е познат занаетчија, но треба  да извлечеме поуки  и да бидеме поорганизирани, вели Димитриески.
Димитриески укажува дека занаетчиите работат во многу тешко време, во рецесија. Од  заработувачката не   им останува за нивна  презентација со своиет занаети во земјава или надвор. Неорганизирани и без стартегија  не може ни да бараат пари од фондовите. Со добра организација и програма може да издигнеме како фактор кој  може да бара поддршка од локалната и централната власт. На занаетчиската Комора и е потребна личност која нема да е само на парче хартија, туку кои ќе се залага и ќе извлече поуки од досегашните грешки и ќе се  штитат интересите на сите, а не личните, нагласува Димитриески.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top