Волонтерскиот дух на охриѓани

Охриѓанката, Домне Симончева припаѓа на генерацијата волонтери на општинскиот Црвен крст од самото нејзино формирање, март 1945 година. Оваа наша сограѓанка, во своето сеќавање се навраќа со видливи симпатии на  периодот кога станала дел од оваа хуманитарна организација.

 |  Валентина Нелоска  | 
volonteri
volonteri

volonteriОхриѓанката, Домне Симончева припаѓа на генерацијата волонтери на општинскиот Црвен крст од самото нејзино формирање, март 1945 година. Оваа наша сограѓанка, во своето сеќавање се навраќа со видливи симпатии на  периодот кога станала дел од оваа хуманитарна организација. По завршувањето на 2 -та светска војна, осиромашеното население добивало меѓународна помош. Добиените пакети со облека и храна се распоредувле за граѓаните по месни реони, а постоела Комисија која строго ја контролирала поделбата.  Црвениот крст  водел огромна грижа  помошта да не се злоупотребува, се сеќава на  овој период Симончева.
Sasho TockoИнтересот за доброволна работа во Црвениот крст во помагање на ранливата категорија граѓани низ сите овие години не спласнува. Во доброволната работа на хуманитарната организација постојано се вклучуваат луѓе кои сакаат дел од своето време да посветат во помош на луѓето кои имаат потреба. Оваа година меѓународната организација на Црвениот крст ја посветува на волонтерите. Општинската организација на Црвениот крст годинава се приклучува кон меѓународното  одбележување  во знакот на волонтеризмот.  Голем е бројот на охриѓани кои во себе го пронашле волонтерскиот дух, вели Сашо Точков претседател на општинската организација на Црвениот крст. Оваа хуманитарна организација по бројноста на волонтерите е број еден во земјава и во неа се вклучени 1500 волонтери од сите возрасти, пол, нација и вера истакнува Точков. Покрај големиот број млади волонтери има и повозрасни.Бројни се и членовите од Здружението на пензионери кои активно се вклучуваат во волонтерската работа.
Во светот има 130 милиони волонтери на Црвениот крст, а во Европа седумина од 10 луѓе се дел од овие активисти. Македонија и   Охрид на 5 декември ќе го одбележат Денот на волонтеризмот со изложба на фотографии од активностите на волонтерите и со делење на промотивен материјал.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top