Ознака: кои

приредба

Приредба по повод патронот на О.У. „Григор Прличев“

Post Views: 3 Традиционално и годинава О.У. „Григор Прличев“, го одбележа својот патрон. Во рамките на одбележувањето преку низа активности, учениците, како и целокупниот наставен кадар, добро се покажаа пред охридската јавност, синоќа во Центарот за култура. Најмладите со нетрпение чекаа да се претстават. Полни со емоции, а пред се максимално концентрирани за настап, кажаа дека чест е да се биде учесник во програмата за одбележувањето. Основците преку својот настап низ музика, игра, песна, рецитал и други точки го потврдија својот талент. Исто така воодушеви и настапот на учениците...

Continue reading

minister Todorov

Министерството за здравство ќе набавува 80 современи амбулантни возила

Post Views: 0 Министрот за здравство Никола Тодоров ќе го реанимира македонското здравство. Најавува крупни промени кои значајно ќе влијаат во услугите кои им се пружаат на граѓаните. Во стартот на овие зафати, министерот најави проект за набавка на современи амбулантни возила. „Отпочнавме со имплементација на проект за набавка на 80 амбулантни возила. Некои ќе бидат со погон на две тркала, некои на четири тркала, а едно ќе биде специјано за транспорт на  деца (педијатриско амбулантно возило ).Овие возила ќе бидат распределени во сите градови на Р Македонија каде што има итна медицинска...

Continue reading

ps FZOM

Нова пререгистрација за невработените

Post Views: 7 За среќа овој пат по скратена процедура. Причина се сменетите износи до кои невработените можат да остварат приход, а сеуште да бидат регистрирани на товар на државата. Доколку навреме не се изврши пререгистрација, од Фондот велат дека лицата ќе бидат одјавени од Регистарот на осигуреници. По турканиците изминатото лето, кога се бркаа последните рокови за пререгистрација, од Фондот за здравствено осигурување со барање за нова пререгистрација. За среќа, овој пат целата процедура ќе биде скратена. Пререгистрацијата ќе биде сведена само на потпишување на изјава за остварен...

Continue reading

minister Todorov

Тодоров се пофали како ќе ги решава проблемите во здравството

Post Views: 1 „Јас распишав оглас да се пријават специјализантите кои праиватно завршил или се на последната 1 -2 година за после тоа да бидат ставени во функција на здравствените организации во Македонија“, рече при тоа Тодоров. Министерот објасни зошто болниците не се во можност да ги поддржат специјализациите на лекарите. Високите цени на школувањето и напуштањето на болниците од страна на специјалистите по завршувањето на нивното образование се главните причини за недостигот од специјалисти. Се прават обиди цените на специјализациите кои  сега ги одредува Медицинскиот факултет,...

Continue reading

MCO

Младитие го подигнаа гласот за охридското здравство

Post Views: 0 Прво па машко. Во Охрид никна нова невладина организација, „Младински центар Охрид“. Тие го кренаа гласот против сите оние фактори, кои според нив, допринесоа за да се уништи охридското здравство. Членовите на Младински центар Охрид, поради нивната загриженост за состојбите во здравството најавија мирен граѓански протест пред Општа болница во Охрид, утре во 5 минути до 12 часот.„Поради нечија негрижа, неразумност и неодговорност, Охрид повеќе од 15 месеци е оставен без елементарна здравствена заштита. Во септември 2010 година се сруши највителниот дел на Општата болница,...

Continue reading

Ohrid

Субвенциите за in coming туризмот привлечни за странските агенции

Post Views: 0 Во Министерството за економија, минатата година, биле поднесени 200 барања за исплата на субвенции на туристичките агенции кои донесле  странски туристи во земјава.  На туристичките агенции по овој основ им биле исплатени околу 700.000 евра, вели раководителот на секторот за туризам при Министерството  за економија Зоран Николоски. Од бројот на пристигнати апликации останале не реализрани 50- тина барања кои ќе бидат дополнително разгледани. Барањата за субвенциите биле  од странските тур оператори Корендор од Холандија, Чедок од Чешка, Финската -Оур Маткат, Туј од...

Continue reading

pozar

Се запали куќа на улица 7-ми Ноември

Post Views: 4 „Јас излегов на врата слушам некој вика на врата, излегов и комшивката вика. Велам што викаш: ми вели Марика куќава гори, велам како бре, излегувам надвор гледам од прозорциве горе пламен, отидов со трчање го викнав сопругот, тука сме ние во комшии, дојде сопругот, ги извади осигурачите, викнавме пожарна, пожарната одма дојде што е вистина, за пет минути дојдоа, јас се качив горе, да тргнам нешто некои подароци нови од внуками, ама не, беше страшно.“-вели Марика Ристеска-очевидец. По интервенцијата на противпожарните служби, пожарот бил изгаснат. За среќа причинета е...

Continue reading

sneg

Граѓаните незадоволни од проодноста на oхридските улици

Post Views: 4 Нова снежна покривка го затрупа вчера сработеното. Петнаесетина сантиметри снег им отворија дополнителна работа на надлежните служби. Низ целата држава се работи на расчистување на патните правци. Од Македонија пат добивме информации дека  со исклучок на забраната за тешки моторни возила која важи за патот Маврово-Дебар, превоите Пресека и Ѓавато, како и патот Струга-Ќафасан, воглавно сообраќајниците, се проодни. Сообраќајот се одвива во зимски услови, по коловози со кашест снег. Од Центарот за управување со кризи велат: Во општина Струга сите патни правци што се во...

Continue reading

snow

Снегот за децата радост, за возрасните мака

Post Views: 11 И Охрид под снежна покривка. Врнежите кои од вчеравечер започнаа да паѓаат, за децата донесоа радост, а за воздрасните проблеми. „Механизацијата на ЈП уште во текот на вчерашниот ден околу 18 часот почна со расчистување на улиците и со посипување на сол и песок по улиците. Тротоарите пак и стариот дел рачно се чистат од 5 часот утринава“, вели директорот на ЈП Сашо Алче. „ Се разбира тука работат и трите нови машини кои неодамна ги набавивме, покрај четирите специјални возила за чистење на снегот, посипуваме снег со два трактори и од околу 10 часот изутрина со тешка...

Continue reading

lekovi

Поефтинуваат околу 900 лекови

Post Views: 10 Од денес поефтини лекови. Станува збор за листа од околу 900 лекови кои пациентите од денес официјално ќе можат да ги набавуваат по пониски цени. Охриѓани добро информирани за оваа тематика, сепак со резерва ја прифаќаат веста за новите цени. „Слушнав преку медиумите за ова намалување, јас поретко користам, повеќе сопругата ги користи, но сега дали навистина ќе се намалат или не ќе видиме, тоа сеуште не е конечно.“ „Разбрав за ова намалување, меѓутоа еве сега само што купив лек и беше сеуште по старата цена.“-велат дел од Охриѓани. Славе Крстаноски, раководителот на...

Continue reading

ucilnica

Блок дотациите од Mинистерството за образование недоволни за општина Охрид

Post Views: 0 Блок дотациите во образованието не ги задоволуваат потребите на општина Охрид. Советничката група на ВМРО НП на последната седница реагираше дека владата перманентно уште од минатата година ги намалува средствата кои се однесуваат на средства за греење и превоз на ученици во основното и во средното образование кои како блок дотации доаѓаат во општина Охрид. Советникот Јоне Станкоски вели дека за 4 и пол или 5 милиони денари се намалени средствата на општина Охрид, кои и се потребни за нормално да функционира образованието. „ Поголем проблем имаме во основото образовение....

Continue reading

shankovi

Како Општина Охрид ќе менаџира со државното земјиште?

Post Views: 1 Општина Охрид ја изработи програмата за менаџирање со државното земјиште. Во програмата е определено просторно, како ќе се менаџира земјиштето после добивање на согласноста во неколку делови. Така, ќе има земјиште кое ќе биде отуѓувано, земјиште кое ќе биде давано на долготраен и краткотраен закуп и земјиште реализирано со јавно-приватно партнерство, но строго по урбанистичките планови, објаснува раководителот на секторот за урбанизам, заштита на животна средина и комунален развој, Бранко Арнаудов. „За јавно-приватно партнерство се предлагаат оние објекти кои се од јавен...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top