Снегот за децата радост, за возрасните мака

И Охрид под снежна покривка. Врнежите кои од вчеравечер започнаа да паѓаат, за децата донесоа радост, а за воздрасните проблеми. „Механизацијата на ЈП уште во текот на вчерашниот ден околу 18 часот почна со расчистување на улиците и со посипување на сол и песок по улиците. Тротоарите пак и стариот дел рачно се чистат од 5 часот утринава“, вели директорот на ЈП Сашо Алче.

 |  Татјана Маленкова  | 
snow
snow

snegИ Охрид под снежна покривка. Врнежите кои од вчеравечер започнаа да паѓаат, за децата донесоа радост, а за воздрасните проблеми. „Механизацијата на ЈП уште во текот на вчерашниот ден околу 18 часот почна со расчистување на улиците и со посипување на сол и песок по улиците. Тротоарите пак и стариот дел рачно се чистат од 5 часот утринава“, вели директорот на ЈП Сашо Алче.

„ Се разбира тука работат и трите нови машини кои неодамна ги набавивме, покрај четирите специјални возила за чистење на снегот, посипуваме снег со два трактори и од околу 10 часот изутрина со тешка механизација го пробиваме патот спрема велесто и рамне и продолжуваме населба Исток и Св Стефан“, вели директор на ЈП Охридски комуналец, Сашо Алче.

AlcevАлче додава дека интензитетот на работа тимовите од ЈП ќе го зголемат во попладневните и вечерните часови кога ќе се намали интензитетот на снежните врнежи. И покрај тоа што најави за врнежи од снег има и за наредниве денови, ние не застануваме, добро сме екипирани и постојано ќе сме на терен за да овозможиме нормално движење на пешаците и автомобилите“, додава директорот.

„Абразивни средства има и во тој дел немаме никаков проблем, механизацијата е во добра форма иако машините се стари, сепак се добри и мислам дека ќе се справиме со врнежите од снег.  Се расчистуваат улиците по приоритет и по категории сите улици во градот. Нашата активност ја отежнуваат температурите еве во овој момент е -3 степени  и абразивните средства делуваат малку поспоро но сигурен сум дека нема да има проблем по улиците на Охрид“, вели Алче.

snegОд ЈП Охридски Комунлец апелираат до граѓаните на Охрид, како што налага законот за јавна чистота да исчистат пред своите куќи и пред своите деловни објекти. Со овој потег тие не само што ќе помогнат, туку и ќе си ја извршат својата граѓанска должност.

Поради врнежите од снег воведена е забрана за движење на товарни возила на повеќе патни правци низ државата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top