Тодоров се пофали како ќе ги решава проблемите во здравството

Министерот за здравство Никола Тодоров во емисијата Актуел проговори за проблемите кои го прават неговиот ресор, но и за зафатите кои планира да ги преземе за нивно надминување.

 |  Валентина Нелоска  | 
minister Todorov
министер Тодоров

„Јас распишав оглас да се пријават специјализантите кои праиватно завршил или се на последната 1 -2 година за после тоа да бидат ставени во функција на здравствените организации во Македонија“, рече при тоа Тодоров. Министерот објасни зошто болниците не се во можност да ги поддржат специјализациите на лекарите. Високите цени на школувањето и напуштањето на болниците од страна на специјалистите по завршувањето на нивното образование се главните причини за недостигот од специјалисти. Се прават обиди цените на специјализациите кои  сега ги одредува Медицинскиот факултет, а се движат од 10 до 15 000 евра, да се променат, истакна Тодоров.
„Владата ќе донесе одлука колку ќе чинат специјалзиациите, цените ќе се намалат  за да може да се пуштаат што повеќе доктори на специјалзиација за  да се обезбедат здравствените  установи со кадар“, рече министерот. Тодоров, потенцираше дека изготвиле план за едукација и на здравствените работници од терцијалното здравство. За субспецијализации во медицинските центри во соседните земји, а за кардиохирургијата во еминентни медицински установи, веќе обезбедиле 100 милиони денари. Министерот се пофали дека во тешки еконоски услови обезбедил согласност за 200 нови вработување во земјава. Вети дека  при тоа предност ќе му се  даде на персоналот кој  волонтира од 5 до 10 години, па дури кажа и за случаи  на волонтеризам и од 20 години, а сите тие се ангажираат за само 4 илјади денари.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top