Се запали куќа на улица 7-ми Ноември

Во куќата единствен станар е неподвижна старица која за среќа веднаш била однесена на безбедно. Причинета е само материјална штета, а како причина се наведува запалениот оџак. По интервенцијата на противпожарните служби, пожарот е целосно изгаснат.

 |  Мишел Наумоски  | 
pozar
pozar

„Јас излегов на врата слушам некој вика на врата, излегов и комшивката вика. Велам што викаш: ми вели Марика куќава гори, велам како бре, излегувам надвор гледам од прозорциве горе пламен, отидов со трчање го викнав сопругот, тука сме ние во комшии, дојде сопругот, ги извади осигурачите, викнавме пожарна, пожарната одма дојде што е вистина, за пет минути дојдоа, јас се качив горе, да тргнам нешто некои подароци нови од внуками, ама не, беше страшно.“-вели Марика Ристеска-очевидец.

По интервенцијата на противпожарните служби, пожарот бил изгаснат. За среќа причинета е само материјална штета.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top