Блок дотациите од Mинистерството за образование недоволни за општина Охрид

Блок дотациите во образованието не ги задоволуваат потребите на општина Охрид. Советничката група на ВМРО НП на последната седница реагираше дека владата перманентно уште од минатата година ги намалува средствата кои се однесуваат на средства за греење и превоз на ученици во основното и во средното образование кои како блок дотации доаѓаат во општина Охрид. Советникот Јоне Станкоски вели дека за 4 и пол или 5 милиони денари се намалени средствата на општина Охрид, кои и се потребни за нормално да функционира образованието.

 |  Татјана Маленкова  | 
ucilnica
училница

Јоне СтанкоскиБлок дотациите во образованието не ги задоволуваат потребите на општина Охрид. Советничката група на ВМРО НП на последната седница реагираше дека владата перманентно уште од минатата година ги намалува средствата кои се однесуваат на средства за греење и превоз на ученици во основното и во средното образование кои како блок дотации доаѓаат во општина Охрид. Советникот Јоне Станкоски вели дека за 4 и пол или 5 милиони денари се намалени средствата на општина Охрид, кои и се потребни за нормално да функционира образованието.

„ Поголем проблем имаме во основото образовение. Околу 9 до 10 милиони недостасуваат во буџетот, значи владата крати средства наместо да вложува во образованието. Прво реагираме да се среди методологијата на распределување на средства затоа што сега ги доделуваат по број на ученици, додека ние во самата одлука имавме и површина која се загрева. Ако одиме по број на ученици и по методологијата на средства кои ги дава владата ќе треба некои училишта од руралните средини да се затворат“, вели – советник ВМРО НП, Јоне Станкоски.

Станкоски вели дека доколку не се промени ништо во методологијата на распределбата на средствата во министерството за образование и наука, не само што би се затвориле училишта во руралните средини, туку тоа би создало технолошки вишок во наставиот кадар или пак миграција на населението.  

Со недостаток од средства во блок дотациите на МОН се соочуваат повеќето општини во државава, а не само Охрид. Поради тоа на методологијата на распределбата на средствата реагира и Заедницата на Единици на локални самоуправи (ЗЕЛС). Тие на седницата одржана неколку денови пред новата година донесле заклучоци и формирале посебна работна група која треба да ја утврди состојбата со неискористените средства од трезорот наменети за образование.

ucilisteЕден од заклучоците кој е едногласно усвоен на седницата на ЗЕЛС е дека „Постои недостаток на средства за образование и потребно е зголемување на средствата во блок дотациите од Буџетот на РМ, со цел задоволување на реалните потреби во оваа област. Секое менување на формулата, во ваква состојба на евидентен недостаток, сега би предизвикало само претурање на средстсвата од едни општини за сметка на други“ .
ЗЕЛС од Министерството за образование бара да изготви Правилник, по кој ќе се раководат општините при исплаќањето на средствата, но и донекаде ќе се утврди потребната сума на средства за покривање на реалните трошоци за превоз на учениците.

Станкоски вели дека сега засега општина Охрид и покрај недостатокот на средства се снаоѓа и ги покрива трошоците. Тој реагира и на тоа што во блок дотациите според методологијата на МОН не влегуваат отпремнините за пензионираните наставници.   

„Се крпари, земеме од едно место ставаме на друго, но незнам до кога вака министрествота ќе остава вакви дупки во буџетот. И тоа може да случи, затоа што средствата доаѓаат на куп, и за училишта и за градинки и ние треба да ги распределиме. Нема посебна распределба и на градинки и на основно и средно“, вели Станкоски.

Контактиравме и со Mинистерството за образование. Портпаролот Горан Галевски вели дека блок дотациите се определуваат по општопозната формула која важи за сите општини. Што се однесува до општина Охрид, Галевски вината што недостасуваат  средства за греење и превоз ја префрла во лошата прераспределба на средствата бидејќи најголем процент од одобрените средства одат за плати на вработени.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top