Поефтинуваат околу 900 лекови

Поефтинуваат лековите. Се работи за вкупна бројка од околу 900 лекови кои сега на пациентите ќе им бидат достапни по пониски цени. Од денес, на терен се и инспекторите кои ќе утврдуваат дали аптеките ги продаваат лековите по новите цени. Од подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување велат дека од оваа мерка најголем бенефит ќе имаат токму пациентите.

 |  Мишел Наумоски  | 
lekovi
lekovi

lekoviОд денес поефтини лекови. Станува збор за листа од околу 900 лекови кои пациентите од денес официјално ќе можат да ги набавуваат по пониски цени. Охриѓани добро информирани за оваа тематика, сепак со резерва ја прифаќаат веста за новите цени.

„Слушнав преку медиумите за ова намалување, јас поретко користам, повеќе сопругата ги користи, но сега дали навистина ќе се намалат или не ќе видиме, тоа сеуште не е конечно.“

„Разбрав за ова намалување, меѓутоа еве сега само што купив лек и беше сеуште по старата цена.“-велат дел од Охриѓани.

aptekaСлаве Крстаноски, раководителот на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување вели дека ова е мерка од која најголем бенефит ќе имаат пациентите. Со цел да се контролира дали овие лекови ќе се продаваат по новите цени, од денес на терен се излезени и инспектори. Поефтинуваат лекови и од позитивната и од негативната листа.

„Сеуште нема точна листа, се обработува листата, Бирото за лекови, Фондот за здравство, и добавувачите се договорија да ги намалат цените на лековите така да голем дел од лековите ќе бидат поефтини односно оние кои имаат доплата ќе биде поефтина доплатата, а оние кои немаат ќе бидат поефтини.“-рече Славе Крстаноски, раководителот на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување.

Крстаноски вели дека и покрај реакциите на експертите дека ваквиот чекор негативно ќе се одрази на работењето на аптеките, сепак скалестиот систем на маржа нема да дозволи поголеми промени во нивното работење. Тој додава дека аптеките се должни да ги продаваат лековите по ново одредените цени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top