Ознака: здравствен

Тунтев: Сегашниот здравствен систем во Македонија не ги лечи луѓето… ги разболува

Post Views: 2 Состојбата во охридската Општа болница секојдневно станува се‘ поалармантна, затоа што пациентите се соочуваат со крајно лоши и нехумaни услови. Нема греење, хигиенските услови се очајни, ги нема потребните лекови, ги нема потребните медицински материјали, ги нема потребните лекари специјалисти, кажа на прес конференција Томислав Тунтев, кандидат за пратеник од СДСМ. Тунтев додаде дека  неколку милиони евра народни пари до сега напразно и криминално биле потрошени за охридската болница. Власта пред 3 години рече дека инвестицијата за општата болница чинела вкупно 4,3...

Continue reading

Василески: Охрид ќе стане регионален здравствен центар

Post Views: 2 Со проектот се придонесува осовременување и унапредување на условите за третман на пациентите, а со тоа и подигнување на квалитетот на медицинската нега. Ќе бидат комплетно реновирани операционите сали со интензивната нега, болничките оддели со оформување тоалети во секоја соба, а предвидено е реновирање и реорганизирање на амбулантите, лабораторијата, стерилизацијата и другите дијагностички содржини. Предвидено е овој проект да се заврши во месец Јули наредната година и предвиден е буџет од 215 милиони денари. Грижата за граѓаните и нивното здравје за нас претставува...

Continue reading

Zdravstven dom Struga

Не стивнуваат обвинувањата за директорката на Здравствениот дом во Струга

Post Views: 0 По вчерашното обвинување за мобинг врз вработените во Здравствениот дом во Струга, денес повторно полни раце работа за директорката Вера Попоска. Сестрите од Здравствениот дом денес излегоа со листа барања за подобрување на условите за работа. Тие тврдат дека условите во кои досега работеле се под секое ниво и дека тие не се во можност ефикасно да си ја вршат својата работа. Сестрите потврдија и дека во Здравствениот дом дошла и Трудовата инспекција и направила свој записник, но досега тие не успеале да го видат овој записник ниту пак знаат дали по овој записник е постапено. „Нашето...

Continue reading

zdravstven dom struga

Вработените од Здравствен дом – Струга, се жалат на мобинг од страна на директорката

Post Views: 7 Превирања во Здравствен дом – Струга. Персоналот од оваа јавна установа се жали дека директорката им врши мобинг. Доктор Миљот Ризвани јавно проговори за директните закани од страна на директорката. Тој раскажува дека Попоска се однесувала како газда на здравствениот дом. Им се заканувала со отказни решенија и нови казни во платите, и покрај тоа што, како што велат, платите веќе им биле намалени и до 20 %.„Во Здравствениот дом се нарушени правата на работникот и правата на самиот човек.Можам да кажам дека кај нас се врши директен мобинг, психолошко и физичко малтретирање...

Continue reading

Екс директорот на Здравствен дом Охрид сам се предаде

Post Views: 0 Митко Дабески, поранешниот директор на Здравствен дом Охрид по 4 месечно бегство, утрово и се предаде на охридската полицијата. Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, Дабески е предаден во Основниот суд во Охрид, каде му е изречена мерка притвор од 30 дена. „Осомничениот рано утрово околу 6 часот самоиницијативно се пријави во СВР Охрид по што веднаш е спроведен во Казнено поправната установа затвор,  Охрид. Во врска со целокупниот настан во месец март распишана е централна потерница по сега осомничениот и сега притворениот“ – изјави Димоски. Инаку...

Continue reading

возило

Специјално амбулантно возило донација за охридскиот од холандскиот ЦК

Post Views: 1 „ Донираното специјално возило е за медицинска намена  за тимовите на црвен крст за прва помош и за спасување на вод аи спаување на планина д аимаат сигурност при интервенцијата. Со ова возило ќе бидат транспортирани лица кои имаат проблеми до соодветни институции каде што треба да се транспортираат. Возилото е во одлична кондиција и граѓаните ќе добијат сигурност и туристите да се чувствуаат безбедно овде“, рече Точков. Карла Лортје од ЦК Зеволде, Холандија во 2013 година при посетата на охридскиот  црвен крст дознала дека организацијата има потреба од специјалното...

Continue reading

logo

Охридскиот Црвен Крст ќе добие специјално возило за интервенции

Post Views: 1 Во рамките на своите заложби и активности за надградба на човечките и материјално-технички капацитети, Црвен крст Охрид активно соработува со организацијата на Црвен крст Зеволде, Холандија. Како резултат на таа соработка, во периодот од 29 април до 05 мај 2015 година, во работна посета на Црвен крст Охрид ќе претстојуваат тимови на инструктори и тренери по прва помош од Црвен крст Зеволде и Националниот здравствен сервис на Холандија, кои, со тимовите за спасување на вода и спасување на планина и непристапни терени и тимовите за прва помош  на Црвен крст Охрид ќе реализираат...

Continue reading

здравствен дом

Здравствениот дом во Охрид доби нов ВД директор

Post Views: 15 Доктор Катерина Арсенова Димитрова е новиот ВД директор на Здравствен дом. Така одлучи Министерството за здравство. Др Димитрова од вчера ја извршува оваа функција на која дојде од раководното место  во  Диспанзерот за здраво дете. Доктор Димитрова е специјалист педијатар со 33 годишно работно искуство.  Таа ќе ја извршува оваа функција се додека ресорното министерство не распише оглас за назначување на нов директор. Инаку, Здравствениот дом остана три недели без директор по финансискиот скандал тежок 7,5 милиони денари кој го откри финансиската полиција.  Од прво осомничениот,...

Continue reading

malaricna

Во бегство директорот на Здравствен дом Охрид по откриен финансиски криминал

Post Views: 0 Тежок финансиски скандал во охридскиот Здравствен дом. Директорот и двајца вработени пари од партиципација на пациентите  со години си  ставале в џеб.  Трите лица се осомничени за  финансиски криминал  тежок над 7,5  милиони денари направен во периодот 2010-2014 година. Се товарат за повеќе кривични дела и тоа  „Проневера во службата“, „Поттикнување“, „Помагање“ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“. Финансиската полиција при контролата на сметководствената евидениција и документација во Здравствен Дом открила финансиски злоупотреби.  Директорот на Здравствен...

Continue reading

детска болница

Кој ќе гради на локацијата кај поранешната Детска болница

Post Views: 1 Компании од Катар, Украина, Азербејџан, Англија пројавиле интерес за изградба на објекти за развој на здравствен туризам на локацијата кај поранешната Детска болница, тврди градоначалникот Никола Бакрачески. Управата за имотно-правни односи при Министерството за финансии по неуспешниот прв  оглас заизградба на хотелски капацитети на овој потег, го објави вториот. Првиот оглас кој заврши пред месец и половина не се пријавија кандидати. Поради тоа беше извршена корекција на условите што ги имаше поставено Министерството за финансии. Сега е објавен втор оглас кој е објавен...

Continue reading

dom

Центарот за депресија во Охрид засега e само идеја.

Post Views: 4 Проектот за формирање на центар за депресија засега е само на ниво на идеја. Првите луѓе на Здравствен дом Охрид, д-р Митко Дабески и д-р Љубен Арнаудов, од Општа болница, велат дека до нивните институции непристигнале никакви конкретни инструкции од ресорното министерство.Д-р Дабески од Здравствен дом за ТВМ со кус коментар дека нивната установа може да обезбеди само просторија во Маларична,  но не и специјализиран кадар. Нивната установа нема психијатар. Во  Општа болница пак, подолго време се соочуваат со дефицит на ваков стручен кадар. Иако од ресорното министерство...

Continue reading

лаб

Во Охрид за болеста ебола нема место за паника

Post Views: 3 Место за пaника нема со вирусното заболување ебола во Охрид, порачуваат од Центарот за јавно здравје- Охрид. Студентот од Нигерија кој вчера е испратен на Инфективната  клиника во Скопје е заради превентива , појаснува епидемиологот д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.   „ Еден студент e испратен на Клиника заради покачена температура. 4-от ден од престојот во Македонија му се покачила температурата. Другиот продолживме да го следиме , утрово му измеривме температура , таа е нормална. Нема  место за паника. Многу медиуми објавија дека има болни, нема болни. Секој кој...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top