Ознака: здравствен

ljubanista

Итна медицинска помош од денес во Љубаништа

Post Views: 8 Започна да функционира амбулантата во Љубаништа. Истата ќе работи секој ден од 10 до 18 часот. Според изјавата на директорот на Здравствен дом, Митко Дабески, со отварањето на амбулантата во Љубаништа ќе се постигне поголема мобилност и брза интервенција во населбите и плажите во околината на Љубаништа. „Тим доктор, сестра и шофер со возило, тие 8 часа ќе бидат таму и ќе прегледуваат пациенти во амбулантата во тој дел Трпејца и Љубаништа ќе ги покрива и плажите до Св Наум до границата и долу плажите“. Амбулантата во Љубаништа требаше да биде отворена од 1 јули. Дабески...

Continue reading

bolnica pestani

Пештани доби летна дежурна служба

Post Views: 2 Во туристичката населба Пештани после 9 месеци повторно проработува службата за примарна здравствена заштита. Денес во Пештани и официјално се отвори новиот пункт на Здравствен дом Охрид. Целта е на осигурениците но и за туристите да им се овозможи континуирана и достапна здравствена заштита, вели директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева-Змејкова. „Дежурната служба има обврска да овозможи во периодот кога нема покриеност за здравствена заштита на населението да се активираат капацитетите на Здравствениот Дом и матичните лекари...

Continue reading

ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ ДОБИ ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ ЗА АЕРОДРОМИ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ СОВЕТ НА АЕРОДРОМИ

Post Views: 0 ТАВ Македонија доби здравствен сертификат од Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International World) за Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, во рамки на Програмата за здравствена акредитација на аеродромите, којашто претставува нов меѓународен репер за спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот. Програмата на ACI е креирана за да се увери патувачката јавност дека аеродромските објекти остануваат безбедни и дека се преземаат мерки на претпазливост за да се намали ризикот по нивното здравје. „По разгледување на доказите презентирани во текот...

Continue reading

zdravstven dom

Светскиот ден на здравјето одбележан и во Охрид

Post Views: 5 Под мотото „Мал убод, голема закана“ денеска се одбележува 7 Април – Светскиот ден на здравјето. Годинава овој ден е посветен на векторските заразни болести, кои се добиваат преку убод од инсекти. Од Светската здравствена организација препорачуваат дека е потребна контрола на преносителите (комарци, крлежи, песочни муви, болви…) или нивно уништување, превенција на болести и ограничување на нивно ширење во вид на епидемија. Светскиот ден на здравјето се одбележа и во Охрид. Здравствен дом Охрид имаше поставен пункт кај Чинарот. Лекарските екипи на граѓаните им мереа шеќер...

Continue reading

pregled

Здравствени пунктови во селата на Охрид и Дебрца

Post Views: 0 Раководството на Здравствен дом бара од градоначалниците на Охрид и Дебрца простории каде би функционирале здравствени пунктови во селата. Во изминатиов период, односно од почетокот на Јануари 2014, ЈЗУ Здравствен Дом Охрид го спроведува проектот на Владата на РМ „Рурален доктор“ на подрачјето на општините Охрид и Дебрца. Здравствениот дом  организира вршење на примарна  здравствена дејност, согласно утврдена Програма, при што лекарски тимови ги посетуваат сите села во двете Општини. Медицинскиот тим врши лекарски прегледи, советувања и други видови здравствени услуги...

Continue reading

todorov

Здравствен дом Вевчани, одбележа два јубилеи

Post Views: 1 Министерот за здравство Никола Тодоров во посета на Здравствениот дом во Вевчани на одбележувањето на два јубилеи, 50 години од ренген службата и 10 години од мамографија. Градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски изрази големо задоволство од присуството на првиот човек на македонското здравство и истакна дека чест е да се подржат ваквите јубилеји, посебно 50 годишнината од ренген службата која е отворена меѓу првите 5 служби на државно ниво. „Овој Здравствен дом го покрива цел дримколски регион, десеттина населени места, преку 25 000 жители и мислам дека има поддршка...

Continue reading

malari;na

Сеуште неизвесна судбината на здравствениот дом во Охрид

Post Views: 1 Сеуште неизвесна судбината на здравствениот дом во Охрид, попознат како Маларична. Надлежните институции во дилема дали да се реконструира или да биде изграден нов објект на друга локација. Оваа здравствена установа е  во незавидна состојба бидејќи многу е руинирана па речиси во неа и да нема услови за работа. Охриѓани кои голем дел се и пациенти кај докторите чии ординации се наоѓаат токму таму, со поделени мислења околу иднината на здравствениот дом. Министерството за здравство е тоа кое треба да одлучи што со Здравствениот дом во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески...

Continue reading

detska bolnica

Архивата од некогашната детска болница сеуште незаштитена

Post Views: 4 Државниот санитарен и здравствен инспекторат се  изјасни за ненадлежен во врска со документацијата од поранешната специјална детска болница во Охрид. Пред нецел месец ТВМ објави прилог за состојбата со архивата од оваа болница и поплаките од родители кои со години не можат да ги пронајдат историите на болест од своите деца, некогашни пациенти во таа установа. Тогаш од државниот архив на Македонија, подрачно одделение охрид, инаку местото каде требаше да се наоѓа документацијата соодветно архивирана, не упатија до Министерството за здравство како правен наследник на болницата...

Continue reading

volonterka

Недела на солидарност

Post Views: 5   Под мотото „Вашиот прилог-значајна помош“ од 22 до 30 април се одбележува неделата на солидарност. Традиционално, Црвен крст од Охрид по тој повод  организира акција за собирање храна, облека, обувки, постелнина, детски играчки и парични средства. Мимоза Ставрева-координатор за организациско-стручни работи, вели дека охриѓани секогаш биле хумани па сигурно и овојпат нема да се штедат и ќе донираат. Донирањето на парични средства може да се направи со пополнување на посебни талончиња кои волонтерите на ЦК ќе ги делат од врата на врата. Оваа година главен покровител...

Continue reading

bakraceski i todorov

Министерот за здравство во посета на Општата болница Охрид

Post Views: 13 Министерот за здравство Никола Тодоров во посета на новиот болнички блок од Охридската општа болница. Тој објасни дека Охрид и Македонија ќе добијат здравствен објект, изграден по најновите стандарди во делот на медицината, објект кој треба да овозможи сериозно подигнување на квалитетот на здравството како во Охрид така и во поширокиот регион. „Од градежен аспект болницата се заврши за отприлика 9 месеци и ова е прв здравствен објект, почнат и завршен од една влада, во независна Република Македонија, а втор е вкупно, првиот е Гинекологија во Скопје кој се градеше 12...

Continue reading

brza pomos

Нови возила, кров и простории за охридскиот здрвствен дом

Post Views: 13 Специјалните санитетски возила марка Рено за итна медицинска помош кои ги набави владата стигнаа и во Охрид. Директорот на здравствен дом Митко Дабески вели дека овие возила беа повеќе од неопходни за оваа здравствена институција, затоа што досега располагаа со возен парк стар 10 години, за кој месечно издвојувале многу средства за одржување.  Новите возила ја  имаат сета неопходна апаратура за интервенирање како  дефибрилатор, преносен аспиратор, вентилатор, ѕиден апарат за мерење на крвен притисок, балон за вентилација, сет за фрактури, реанимациона торба, автоматско...

Continue reading

itna pomos

Охридскиот здравствен дом ќе се поднови

Post Views: 31 Охридскиот здравствен дом по речиси една деценија ќе добие нов персонал, а ќе се поднови и со нови возила. Директорот Митко Дабески за ТВМ откри дека се бројат деновите кога четирите нови современи комби возила марка Пежо, кои ги обезбеди министерството за здравство, ќе ги заменат дотраените Мерцедеси и Лади.   Со ова ќе се овозможи охриѓани да добиваат побрза и подобра 24 часовна помош.     Возилата наменети за итната медицинска служба во Охрид се дел од проект за набавка на 80 амбулантни возила на ниво на држава, како и едно возило специјално изработено за потребите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top