Ознака: здравствен

zelencuk

Здравиот живот чини многу пари

Post Views: 0 „Живејте здраво“, „хранете се здраво“, „бидете физички активни“, „живејте квалитетно“, ова се само некои од максимите кои се однесуваат на претстојниот светски ден на здравјето. Но се поставува прашањето, КАКО? Здравјето не е само добар здравствен систем. За здрав живот потребна е здрава храна, вода, здрави животни навики, потребен е чист воздух. Но, почитувани, да не се лажеме, се тоа чини пари и тоа многу пари. Доколку би се одлучил здраво да живеам, за почеток како македонец ќе ми треба ориз и многу леб, ама само интегрален, демек тој е здрав. Потоа ќе ми треба доста...

Continue reading

tomografija

Положен тестот на хуманоста

Post Views: 1 Др. Атанаско Михаилов и Др. Зоран Велјаноски во договор помеѓу нив го направија прегледот, кој и беше неопходен на Јасмина Борисова. Во средата во дневникот на ТВМ, Јасмина Борисова, самохрана мајка на две малолетни деца, преку нашиот медиум се обрати за помош до здравствените институции во градов, за преглед на главата со магнетна резонанца. Нејзиниот апел очигледно предизвика експресна реакција. Во Дијагностичкиот центар – Охрид, направена е магнетна резонанца врз нејзината глава, што беше неопходен преглед за нејзино понатамошно лекувањe. „Сме помагале и ќе помагаме...

Continue reading

zdravstven dom

Ќе има ли пари за градба на нова поликлиника?

Post Views: 13 Останува и понатака  неизвесноста дали ќе се гради  нова поликлиника во Охрид, најавувана како повеќе од потребна за охриѓани. Спорот што во април  годинава се случи помеѓу ЈЗУ Здравствен дом и секторот за урбанизам  околку  издавњето на дозвола за  градба доби разрешница.  Второстепната комисија одговори на жалбата која ја вложи ЈЗУ Здрвствен дом дури по 5 месеци.Со ова решение на Миниетрството за транспорт и врски  се потврдува дека секторот за урбанизам со издаденото негативно решение во април заради некомплетна документација доставена од раководството на оваа установа ...

Continue reading

Malaricna

Здравствениот дом од Охрид доби донација

Post Views: 7 Продолжува големиот хуманитарен караван на ОНЕ. Овој телекомуникациски оператор минатата година акцијата ја започна од Струга и донира 10 опреми за возилата на итната медицинска помош низ разни градови во Македонија. Годинава овој караван пристигна и во Охрид така што здравствениот дом е корисник на донацијата, вредна 7 000 евра. Директорот на Одделението за односи со јавност на ОНЕ, Виктор Донев, вели дека целта на хуманитарниот гест е да се опремат амбулантните возила на итната медицинска помош во Охрид, со опрема, како што ја имаат сите познати и признати медицински...

Continue reading

Malaricna

Прокисна таванот во Маларична

Post Views: 0 Силното невреме и обилниот дожд му пресудија на таванот во Маларична. Млазеви вода попладнево протекоа од кровот на долниот спрат каде што се сместени лекарските ординации кои се под конецесија  во Здравствен дом Охрид. На дојава на пациент кој се нашол за време на прокиснувањето на местото, нашата екипа веднаш пристигна во Маларична. Затекнавме мајстори кои го санираа набараниот кров кој доколку продолжи дождот не е чудо да заврши врз главите на посетителите. Но, на нашата камера  не и  беше дозволено да ја регистрира настаната ситуација. На непрофисионален и груб...

Continue reading

malaricna

Кровот на Маларична продолжува да се уништува

Post Views: 0 Продолжува уништувањето на кровот на Маларична. Викендов, под налетот  на  дождот попушти дел од покривот и се урнаа малтерот и трската над дел од стоматолошкиот оддел. Утрово, градежниот материјал се расчистуваше и кај пациентите внесе доза на несигурност. Од друга страна, распаѓањето на кровот на Здрваствениот дом Маларична не е ништо ново. Вакви одрони на кровната конструкција имало и порано. Но, министертсвото за здравство нема пари за поправка или препокривање на оваа установа. Директорот на Здравствен дом д-р Митко Дабески не беше изненаден од распаѓањето на кровот....

Continue reading

Atanasko Mihailov

На лагата и се кратки нозете

Post Views: 26 На површина испливаа лагите и манипулациите на СДСМ и актуелниот градоначалник Александар Петрески, околу најновите случувања за издавање на дозвола за изградба на Здравствен дом во Охрид, обвини првиот човек на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ во низата обвинувања на адреса на спротивниот полчитички блок рече дека градоначалникот нема ниту страм ниту одговорност кон сопствените граѓани а најмалку за иднината на здравството во Охрид. Според него постапката на менаџментот на здравствениот дом е исправна, во врска нивните побарувања...

Continue reading

proekt

Сопственоста на земјиштето- кочница за градење на новиот Здрaвствен дом

Post Views: 5 Се отфрлаат обвинувањата од директорот на Здравствен дом, д-р Митко Дабески, упатени до секторот за урбанизам и просторно  планирање, дека тие ќе бидат виновни за пропаѓање на проектот за изградба на современ објект. Раководителот на секторот, Бранко Арнаудов  демантира дека тие ја опструираат неговата изградба. Токму ние ги информиравме за законските измени и можноста да покренат иницијатива за  изградба на современ објект,  вели Арнаудов. Тој објаснува дека во приложената документација со која ЈЗУ Здрваствен дом “  бара одобрение за градба,  спорна е сопственоста...

Continue reading

zdravstven dom

Пропаѓа изградбата на современ здравствен дом

Post Views: 8 Доведен во неизвесност проектот за изградба на современ  здравствен дом  на кој охриѓани чекаат повеќе од 50 години. Секторот за урбанизам деновиве го одбил барањето за издавање решение за изградба на нов здравствен дом реагира раководителот, д-р Митко Дабески. По скоро три  години  подготовки на документацијата за добивање дозвола за градба  во решенито стои дека ЈЗУ  „Здравствен дом не доставил идеен проект, геодетски елаборат, доказ за сопственост, што не е точно негира  д-р Дабески. д-р Дабески со документи  го негира решението на Локалната самоуправа и ги презентира...

Continue reading

Каде кочат работите за нов Здравствен дом?

Post Views: 5 Надлежните конечно проговорија зошто се кочи работата околу изградбата на но Здравствениот дом во Охрид. И овој пат двојни виновници. За едните виновна  е Дирекцијата и нејзината непотегливост, а за другите фирмата-изготвувач на проектот. Раководителот на Секторот за урбанизам при Локалната самоуправа, Бранко Арнаудов, тврди дека во општината се вложуваат максимални напори за изградба на оваа здравствена установа и додава: „Локалната на 29.12.2009 год издаде услови. Веднаш потоа издаден е извод до ЈЗУ Здравстевн дом, бидејќи целокупната постапка треба да ја водат тие....

Continue reading

policija

Кривични пријави за директорите на Здравствен дом

Post Views: 6 Според СВР, пријавените  во периодот од Октомври 2006 до Октомври 2009 година, не презеле никакви мерки за наплата на лекови во износ од над петстотини денари со што предизвикале штета на Здравствен дом односно Буџетот на РМ. Поради основано сомнение дека се сторители на  кривичното дело  Несовесно работење  во службата, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата М.Д. роден 1969 година и А.Г. роден 1967 година, двајцата од Охрид.Пријавените,  во својство на Директори на Јавната установа ,,Здравствен дом ,, Охрид со свесно пропуштање на должен надзор и очигледно...

Continue reading

rekviziti

Администрацијата од Здравствен дом, втор пат на улица

Post Views: 0 Директорот од здравстевен дом, денес доби налог за иселување од општинските простории. Овој е втор обид на Локланата во неколку години, да си ги добие назад своите простории. Утрово во Здравствен дом добија налог за иселување од општинските простории. „Мене ми е жал што на ваков начин се решава овој проблем, но здравстен дом години е сместен во општински простории, а за тоа не плаќа ништо“, вели градоначалникот Петрески. Од локалната тврдат, дека долго време се труделе на секаков начин да се изнајдат компромисно решение за  просториите, но сите средби поминале без конкретни...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top