Ќе има ли пари за градба на нова поликлиника?

Останува и понатака  неизвесноста дали ќе се гради  нова поликлиника во Охрид, најавувана како повеќе од потребна за охриѓани. Спорот што во април  годинава се случи помеѓу ЈЗУ Здравствен дом и секторот за урбанизам  околку  издавњето на дозвола за  градба доби разрешница.

 |  Валентина Нелоска  | 
zdravstven dom
zdravstven dom

Останува и понатака  неизвесноста дали ќе се гради  нова поликлиника во Охрид, најавувана како повеќе од потребна за охриѓани. Спорот што во април  годинава се случи помеѓу ЈЗУ Здравствен дом и секторот за урбанизам  околку  издавњето на дозвола за  градба доби разрешница.  Второстепната комисија одговори на жалбата која ја вложи ЈЗУ Здрвствен дом дури по 5 месеци.Со ова решение на Миниетрството за транспорт и врски  се потврдува дека секторот за урбанизам со издаденото негативно решение во април заради некомплетна документација доставена од раководството на оваа установа  не ја опструирало  намерно изградбата на современ здравствен дом.
Branko ArnaudovРаководителто секторот за урбанизам Бранко Арнаудов вели доколку сега достават дополнително барање со доказ  за сопственост на земјиштето  ќе добијат локациски услови и одобрение за градба на поликлиниката. Од друга страна Раководителот на ЈЗУ Здравствен дом,  д-р Митко Дабески  нагласува дека до нивната установа одговор од ресорното министерство по жалбата нема. Покрај тоа што нема одобрение за  градење  со конфузната документација, сега останува неизвесно дали воопшто ќе има и пари за една ваква инвестиција. Во посета на Охрид  сеуште ги нема ни преставниците од светска банка кои требаше да дојдат по завршување на парламентарните избори во јуни оваа година.
Современиот Здравствен дом според проектот треба да се гради во кругот на Општа болница –Охрид на површина од 3000 м квадратни. Проектот требаше да стартува од месец септември оваа година, а за неговата изградба требаше да се одобрат  2,3 милиони евра, пари  од Светска банка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top