Прокисна таванот во Маларична

Силното невреме и обилниот дожд му пресудија на таванот во Маларична. Млазеви вода попладнево протекоа од кровот на долниот спрат каде што се сместени лекарските ординации кои се под конецесија  во Здравствен дом Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 
Malaricna
маларична

Силното невреме и обилниот дожд му пресудија на таванот во Маларична. Млазеви вода попладнево протекоа од кровот на долниот спрат каде што се сместени лекарските ординации кои се под конецесија  во Здравствен дом Охрид. На дојава на пациент кој се нашол за време на прокиснувањето на местото, нашата екипа веднаш пристигна во Маларична. Затекнавме мајстори кои го санираа набараниот кров кој доколку продолжи дождот не е чудо да заврши врз главите на посетителите. Но, на нашата камера  не и  беше дозволено да ја регистрира настаната ситуација.

На непрофисионален и груб начин бевме избркани од Маларична.

Директорот на Здравствен дом д-р Митко Дабески , наместо да ни одговори што ќе преземе понатака за оваа здравствена установа во која се лекува скоро половина град, грубо и непрфесинално забрани снимање  и кажа дека тој работи на санација на кровот. Иако, само пред три дена ТВМ известуваше за кровот од кој за време на викендот исто така се одронаа малтер и трска. Тогаш, во кусиот телефонски разговор со директорот на Здравствен дом Охрид, д-р  кој воопшто не беше изненаден од кровот кој се распаѓа, добивме само кус одговор дека објектот не е влезен во проектите на Министерството за здравство за да се санира. Кажа дека ќе се гради нов поликлинички центар, но не беше прецизен кога ќе почне неговата градба.

 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top