Ознака: здравствен

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб страницата на ДСЗИ

Post Views: 2 Владата донесе заклучок и за начинот на изработување и доставување на решенија за изолација за лица кои се позитивни на КОВИД-19 или се контакти на позитивни лица. Според новиот предлог, решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и дополнително во Службен весник во најбрз можен рок, при што нема да бидат објавувани лични податоци на граѓаните, односно целосно ќе бидат запазени стандардите дефинирани со Законот за заштита на личните податоци.   Оваа измена се воведува поради зголемениот...

Continue reading

Се реконструира внатрешноста на Здравствен дом Маларична

Post Views: 2 Охридскиот Здравствен дом Маларична се реновира. Во внатрешноста на објектот се поставуваат нови гипсени табли на ѕидовите и таваните, се поплочуваат ходниците. Ајсел Зејноска, директор на оваа здравствена установа, вели, Министерството за здравство со проект преку Светска банка инвестира во подобрување на квалитетот на услугите за пациентите кои се лекуваат во јавните установи во земјава меѓу кои и во охридскиот здравствен дом. „Се реконструираат ходниците, чекалните, дел од ординациите кои се дотрaени, каде што  подолго време пациентите чекаат, за да им биде поудобно....

Continue reading

Охридскиот Здравствен дом подготвен за имунизација со бесплатните вакцини против сезонски грип

Post Views: 4 Охридскиот Здравствен дом Маларична подготвен за имунизација со бесплатните вакцини против сезонски грип. Обезбеден е посебен пункт и кадар за од понеделник да почне бесплатната имунизација. Годинава бесплатните вакцини ќе се даваат во здравствените домови во Охрид, Струга и Дебар за да се растерети охридскиот Центар за јавно здравје да не се ствараат гужви, информира д-р Ајсел Зејноска, директор на ЈЗУ Здравствен дом Охрид. Од Министерството за здравство е најавено дека ќе се набават 40.000 бесплатни вакцини против сезонски грип или двојно повеќе од лани за сите здравствени...

Continue reading

Скопскиот аеродром прв во регионот доби Здравствен сертификат од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI)

Post Views: 0 Од вкупно 350 аеродроми на светско ниво кои аплицирале за акредитација, досега само 60 успеале да се акредитираат, а меѓу нив е Меѓународниот Аеродром Скопје, како прв аеродром на Балканот кој успеа да се стекне со овој сертификат. Меѓународниот Аеродром Скопје се стекна со акредитација од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) во рамки на Програмата за здравствена акредитација на аеродромите, што претставува нов меѓународен репер во однос на спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот, креирана за да помогне да се увери патувачката јавност дека...

Continue reading

Сите дејствија по решенијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за периодот 13.06.2020 – 25.06.2020 година за лица под здравствен надзор и домашна изолација и лица во државен карантин се поништуваат

Post Views: 3 Главниот координативен кризен штаб достави барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со престанокот на важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19. Денеска (25.06.2020 година), Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно член 136 став 1 алинеја 4 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 124/15 и 65/18) донесе Одлука со која го запира извршувањето на сите негови решенија донесени во периодот...

Continue reading

Здравствен систем кој ќе биде ефикасен и достапен за секого, ветува ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија

Post Views: 1 Визијата на ВМРО-ДПМНЕ за здравствениот сектор е создавање на здравствен систем кој ќе биде ефикасен и достапен за секого, порача Кирил Пецков, кандидат за пратеник од ВМДО ДПМНЕ и коалицијата. Приоритети на ВМРО-ДПМНЕ во здравството ќе бидат стратешко позиционирање на здравството како приоритет за грижата за граѓаните, предвидливост и континуитет на работата, како и донесување на Национална здравствена стратегија заснована на неколку постулати, кажа Пецаков. „Зајакнување на јавното здравство – заради тоа што лекарите и здравствените работници треба да останат во Македонија...

Continue reading

Пациентите со забоболка ќе се лекуваат во итната стоматолошка служба при Здравствен дом

Post Views: 0 Охридските стоматолози од итната стоматолошка служба при Здравствен дом Охрид ќе ги лекуваат пациентите со забоболка по нов протокол за работа. Според новите протоколи во вонредни услови итните случаи ќе се лекуваат кај овие стоматолози по претходна консултација со матичните стоматолози, информира д-р Александар Филдишевски специјалист по превентивна детска стоматологија од ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид. „Ќе објавиме на влезната врата на амбулантата и на вратите на сите приватни ординации пациентитет да го контактираат матичниот стоматолог и тој да одлучи ако има потреба...

Continue reading

СВР Охрид поднесе кривична пријава против охриѓанец кој не ја почитувал мерката „здравствен надзор и домашна изолација“

Post Views: 6 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63 годишен охриѓанец со иницијали А.М. поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Полициските службеници вчера, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се приддржува кон мерките за 14-дневна самоизолација, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. „ Пријавениот, на 17.03.2020 година, кога со авионски лет од Холандија пристигнал на Меѓународниот...

Continue reading

Oхридскиот здравствен дом набави медицинска опрема

Post Views: 5 Здравствен дом набави нова медицинска опрема. Со сопствени средства за итната стоматолошка служба купен е нов стоматолошки стол, а за потребите на другите служби кои се дел од здравствен дом се набавени дефибрилатори, спирометар, аспиратори, Екг апарати. Покрај оваа опрема во тек е набавка и на санитарни возила. Возниот парк на Итната медицинска помош ќе се поднови со уште две санитетски возила со целосна опрема за транспорт на итни случаи.Едното ќе се набави со сопствени средства , а другот со пари од Ипард програмата. За потребите на патронажната служба ќе се набави...

Continue reading

рак на дојка

Се зголемува бројот на откриени случаи на рак на дојка во охридско-струшкиот регион

Post Views: 31 Ракот на дојка во охридско–струшкиот реон во последните 3 години е во пораст, информира д-р Жарко Даскалоски специјалист по радиодијагностика  од Здравствен дом Вевчани. Статистиката покажува дека во  2011 година било откриено 31 заболување. Во еден случај е евидентиран карцином на дојка кај маж. Во 2012 бројот бил 25, додека до септември оваа година се откриени 25 случаи, од кои 2-ца биле мажи. Загрижува податокот што при порастот на откриените заболувања се поместува старосната граница  и се почесто иммногу млади  пациентки со откриен рак на дојка, укажува д-р Даскалоски.„...

Continue reading

Охрид ќе добие, нов здравствен дом изграден по највисоки светски стандарди

Post Views: 7 Охрид ќе добие, нов здравствен дом изграден по највисоки светски стандарди,  ова беше истакнато на трибината што синоќа се одржа во големата општинска сала , а на која присуствуваа охридскиот градоначалник , Јован Стојаноски и министерот за здравство на Р. Македонија, Венко Филипче. Домот треба да биде сместен во рамки на охридската Општа болница, а изработувачи на проектот се професорите Зорица Блажевска и Саша Тасиќ, од Архитектонскиот факултет од Скопје. „Објектот ќе биде составен од две блоковски структури, приземје и кат и приземје и два ката, од каде што ќе излегува...

Continue reading

brza pomos

Здравствениот дом во Струга се поднови

Post Views: 13 Две возила за итна медицинска помош пристигнаа во Струга и чекаат на повик. Тие се дел од програмата на Министерството за здравство со која се обезбедија 69 возила за потребите на Здравствените домови во државава. Тригодишното лобирање за овие возила на првиот човек на струшкиот Здравствен дом д-р Вера Попоска, конечно вродија со резултати, стружани да добијат квалитетна услуга доколку се наложи потреба од тоа. „Тоа е нешто врвно кое што е неопходно во денешно време да функционира и ние сме многу среќни.  Возилата располагаат со се и сешто и замислени се да делуваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top