Се зголемува бројот на откриени случаи на рак на дојка во охридско-струшкиот регион

Се зголемува бројот на откриени случаи на рак на дојка во охридско-струшкиот регион.

 |  Валентина Неловска  | 
рак на дојка
рак на дојка

Ракот на дојка во охридско–струшкиот реон во последните 3 години е во пораст, информира д-р Жарко Даскалоски специјалист по радиодијагностика  од Здравствен дом Вевчани. Статистиката покажува дека во  2011 година било откриено 31 заболување. Во еден случај е евидентиран карцином на дојка кај маж. Во 2012 бројот бил 25, додека до септември оваа година се откриени 25 случаи, од кои 2-ца биле мажи. Загрижува податокот што при порастот на откриените заболувања се поместува старосната граница  и се почесто иммногу млади  пациентки со откриен рак на дојка, укажува д-р Даскалоски.
рак на дојки
„ Оваа година има откриени 4 случаи на карцином на дојка каде што старосната граница е намалена  и се движи од 28 до 32 години. Откриените случаи се од нашиот регион од Охрид и Дебар. Откриени се и два случаи на карцином на дојка и кај двајца мажи. Сите случаи се дијагностицирани и оперирани навреме.“
     
Во Здравствен дом- Вевчани успешно  работи мамограф кој што го нема во поголемите здравствени центри во регионот. Покрај жителите од охридско-струшкиот регион, на прегледи доаѓаат и од  Кичево, Дебар и соседна Албанија.
За овие десетина година со помош на мамографот навреме се дијагностицирани,  оперирани и спасени голем број животи, вели специјалистот по радиологија д-р Жарко Даскалоски. На жените кои до педесетатта година од својот живот не направиле мамографија , д-р Даскалоски,  им сугерира да не ги игнорираат превентивните прегледи. Посебно потенцира да водат сметка оние жени каде што во поширокото семејство веќе имало дијагностицирани случаи на рак на дојка.
рак на дојка
„Препорачувам жените да прават задолжителен превентивен преглед без разлика дали имаат симптоми или не.  Добро е да дојдат дали во Вевчани или на друго место најважно е прегледите да не се задоцнети. Раното откривање значи навремен третман и продолжување на животот.“

Здравствен дом од Вевчани овој месец одбележува два јубилеи, една деценија од работењето на мамографот  и 5 децении рендген оддел. Во овој период низ одделот за мамографија на преглед поминале  над 12.000 пациенти. Во две акции за бесплатен преглед  биле опфатени 3000 жени. Само за 2 месеци во акците биле прегледани 1600 жени, кажува д-р Даскалоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top