Здравствениот дом во Струга се поднови

Струга доби две најсовремени возила за итна медицинска помош. Струшкиот Здравствен Дом е меѓу првите во државава кој својот возен парк го поднови со две од 69- те целосно опремени возила кои ги набави Мин. За здравство а беа наречени, подвижни болници .

 |  Николоска Биљана  | 
brza pomos
брза помош

brza pomosДве возила за итна медицинска помош пристигнаа во Струга и чекаат на повик. Тие се дел од програмата на Министерството за здравство со која се обезбедија 69 возила за потребите на Здравствените домови во државава. Тригодишното лобирање за овие возила на првиот човек на струшкиот Здравствен дом д-р Вера Попоска, конечно вродија со резултати, стружани да добијат квалитетна услуга доколку се наложи потреба од тоа.

„Тоа е нешто врвно кое што е неопходно во денешно време да функционира и ние сме многу среќни.  Возилата располагаат со се и сешто и замислени се да делуваат во секаква ситуација да го спасат пациентот“-истакна Попоска.

Возилата за итна медицинска помош ги дочека веќе обучен тим за тоа. Она што е специфично е дека тимот составен од доктор, медицинска сестра па дури и возачот имаат подеднаква одговорност при интервенирање, секој во својот домен на  работа. Доктор Ѓорѓи Терпо кажа дека обуката од експертите била корисна и за него ново искуство плус.

 „Целата обука беше насловена како напредно држење во живот на пациентите и траеше повеќе од 12 часа“-вели Терпо.

brza pomosСо обука од ваков карактер за прв пат се среќава тимот на медицински сестри. Работата ни е позната ќе има голема одговорност, вели медицинската сестра Марија Нелоска.

„Во споредба со тоа што сме го учеле не е нешто ново“-вели Нелоска.

Новите возила ги имаат сите неопходни екстри за интервенирање при разни состојби. Имаат дефибрилатор, преносен аспиратор, вентилатор, ѕиден апарат за мерење на крвен притисок, балон за вентилација, комплет за имобилизација, глукометар, сет за фрактури, реанимациона торба, автоматско склопиво носило, кардиолошка столица, имобилизатор за глава, вакум душек и носило за политраума. Токму поради ваквата опременост овие возила го заслужија епитетот подвижни болници. Инаку Директорката Попоска на која и остануваат уште неколку дена до нејзиното заслужено пензионирање, вели дека за време на нејзиниот мандат успеала да направи многу за домот, пред  се од институција од картон таа да прерасне во челична болница. Додава дека посебно задоволство и причинува што својот мандат го заокружува со една ваква позитивна придобивка за струшкиот здравствен дом а тоа е обезбедувањето на современите возила за прва помош.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top