• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • СВР Охрид поднесе кривична пријава против охриѓанец кој не ја почитувал мерката „здравствен надзор и домашна изолација“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против охриѓанец кој не ја почитувал мерката „здравствен надзор и домашна изолација“


63 годишниот охриѓанец на 17 март се вратил во земјава од Холандија и потпишал изјава дека ќе се приддржува на 14 дневна самоизолација. Граѓаните може да пријавуваат на телефонскиот број 192 , несовесни сограѓани за кои знаат дека се вратиле од високо ризичните земји зафатени од корона вирусот и не ја почитуваат мерката самоизолација.

 |  Валентина Неловска  | 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63 годишен охриѓанец со иницијали А.М. поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Полициските службеници вчера, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се приддржува кон мерките за 14-дневна самоизолација, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Пријавениот, на 17.03.2020 година, кога со авионски лет од Холандија пристигнал на Меѓународниот аеродром „Скопје“, своерачно, под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од земја која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус COVID – 19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом во Охрид ќе спроведе задолжителна самоизолација.

Пријавениот, со непридржување на одредбите во изјавата, ги прекршил мерките за самоизолација. Постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID – 19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство.

Полициските службеници од СВР Охрид вршат континуирана контрола на лица кои се со мерка здравствен надзор и домашна изолација и против сите лица кај кои ќе се консстира прекршување на одредбите ќе бидат поднесени кривични пријави“, информира Димоски.

Граѓаните може да пријавуваат до СВР Охрид на телефонскиот број 192 , несовесно сограѓани за кои знаат дека се вратиле од високо ризичните земји зафатени од Covid 19 и не ја почитуваат мерката за 14 дневна самоизолација.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top