На лагата и се кратки нозете

Здравствен дом во Охрид ќе се гради по секоја цена. Ова е пораката на првиот човек на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, кој денес на прес, пред јавноста ја изнесе комплет документацијата за изградба на нов модерен и функционален Здравствен дом.

 |  Билјана Николоска  | 
Atanasko Mihailov
Атанасако Михаилов

presНа површина испливаа лагите и манипулациите на СДСМ и актуелниот градоначалник Александар Петрески, околу најновите случувања за издавање на дозвола за изградба на Здравствен дом во Охрид, обвини првиот човек на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ во низата обвинувања на адреса на спротивниот полчитички блок рече дека градоначалникот нема ниту страм ниту одговорност кон сопствените граѓани а најмалку за иднината на здравството во Охрид. Според него постапката на менаџментот на здравствениот дом е исправна, во врска нивните побарувања за издавање на дозвола за изградба на нов модерен и функционален здравствен дом.

Директорот на Здравствен дом, Митко Дабески, исто така се чуди на постапките на одговорните во Локалната. Според него, се е во ред од негова страна, во врска потребната документација за изградба на Здравствениот дом.

Михаилов рече оти ВМРО – ДПМНЕ, градело, гради и ќе град. Воедно му порача на Петрески, барем еднаш да направи нешто корисно во интерес на сите граѓани на Охрид и да ја дадат потребната дозвола за градба.

Михаилов исто така од охридскиот градоначалник побара оставка на директорот на ЈП Градски гробишта, на една од двете неспоиви функции, кој во моментов извршувал.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top