Пропаѓа изградбата на современ здравствен дом

Доведен во неизвесност проектот за изградба на современ  здравствен дом  на кој охриѓани чекаат повеќе од 50 години. Секторот за урбанизам деновиве го одбил барањето за издавање решение за изградба на нов здравствен дом реагира раководителот, д-р Митко Дабески.

 |  Валентина Нелоска  | 
zdravstven dom
здравствен дом-локација

proektДоведен во неизвесност проектот за изградба на современ  здравствен дом  на кој охриѓани чекаат повеќе од 50 години. Секторот за урбанизам деновиве го одбил барањето за издавање решение за изградба на нов здравствен дом реагира раководителот, д-р Митко Дабески. По скоро три  години  подготовки на документацијата за добивање дозвола за градба  во решенито стои дека ЈЗУ  „Здравствен дом не доставил идеен проект, геодетски елаборат, доказ за сопственост, што не е точно негира  д-р Дабески.

д-р Дабески со документи  го негира решението на Локалната самоуправа и ги презентира сите доставени документи. ЈЗУ „Здравствен дом“ со  Полог проект, овластена проектанска фирма потпишале договор вреден 3000 евра за изработка и на  локалната урбанистичка планска документација. На крајот од  2009 година на седница советниците на Локалната самоуправа истата ја усвоиле. Но, неколку месеци подоцна од страна на секторот за урбанизам биле известени дека има грешка во впишување на големината на парцелата, објаснува Дабески. Цела година со секторот за урбанизам меѓусебно се натегале чија е грешката и кој треба да ја поправи, нагласува Дабески. „Не ми јасно како  секторот за урбанзиам не ја увидел  грешката и  ставиле на гласање погрешена ЛУПД пред советниците“.

dr Mitko dabeskiРаководителот на ЈЗУ  „Здравствен дом“ д-р Митко Дабески вели дека во меѓувреме го обжалил решението на секторот за урбанизам, а за случајот ги информирал и од Министерството за транспорт и врски. Тој најавува и тужба до сите оние кои  дозволиле проектот да се доведе пред пропаѓање.

Во врска со случајот се обидовме да го слушнеме објаснувањето и од Локaлната самоуправа. Началникот  на секторот за урбанизам Бранко Арнаудов беше на службен пат.

Инаку, современиот Здрваствен дом според проектот беше планирано да се гради во кругот на Општа болница –Охрид на површина од 3000 м квдатратни,  за кој требаше да се потрошат  2,3 милиони евра, пари од Светска банка.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top