Нови возила, кров и простории за охридскиот здрвствен дом

Во Охридскиот здравствен дом стигнаа современите специјални возила за итна медицинска помош. 

 |  Маленкова Татјана  | 
brza pomos
брза помош

Специјалните санитетски возила марка Рено за итна медицинска помош кои ги набави владата стигнаа и во Охрид. Директорот на здравствен дом Митко Дабески вели дека овие возила беа повеќе од неопходни за оваа здравствена институција, затоа што досега располагаа со возен парк стар 10 години, за кој месечно издвојувале многу средства за одржување.  Новите возила ја  имаат сета неопходна апаратура за интервенирање како  дефибрилатор, преносен аспиратор, вентилатор, ѕиден апарат за мерење на крвен притисок, балон за вентилација, сет за фрактури, реанимациона торба, автоматско склопиво носило, кардиолошка столица и се друго што е неопходно да има еден медицински тим. Токму ваквата опременост на возилата им го дава епитетот подвижни болници. Директорот Дабески додава дека министерството за здравство распишало и тендер за компјутеризација на ambulantni vozilaвозилата.

„Во тек е најава и за вградување на компјутер кој ќе ги следи сите дијагностички процедури исто така од владата. Со овие две возила  засега ги задоволуваме потребите на здравствен дом Охрид за покривање на ова подрачје за да можеме нормално да функционираме“, вели директорот на здравствен дом, Митко Дабески.

Дабески додаде дека двете специјални возила ќе ги користи целиот тим на итната медицинска помош и додава дека персоналот благодарение на владата и министертвото за здравство се обучиле за користење на апаратурата во новите санитески возила.  
Итната медицинска помош мора да има пристап до сите куќи, а токму поради тоа тимот на здравствен дом има стратегија и за пристап до граѓаните во Стариот дел од Охрид. За овој дел од Охрид Дабески открива дека медицинските тимови ќе ги користат две санитетски возила лада кои и покрај тоа што се од  2001 год. Сепак се во добра состојба.
Дознаваме дека охридскиот здравствен дом покрај двете комбиња ќе добие и други возила. Дабески открива дека на  поднесено барање до агенција за одземени работи на 07 јуни владата им одобрила две возила за што во тек е постапка за  давање  во владение на здравствен дом.  „Откако овие возила ќе ни бидат доделени истите ќе ги оспособиме да бидат санитети“, категоричен е првиот човек на здравствен дом.   zdravstven dom

Инаку оваа здравствена установа во моментов ја има комплетната апаратура за нормално функционирање, но единствен проблем во моментов е стариот објект каде е сместена итната помош, кој прокиснува, но и не ги задоволува просторните услови.

„Министерот кога беше тука, во два неврати дојдоа и стручни екипи дури да изградиме нов објект ќе го оспособиме стариов. Започна постапка за реконструирање на кровот на итната медицинска помош и објектот ќе го прошириме за две три ординации кои ќе ги реконструираме и внатре“, вели Дабески.

Со промената на кровната конструкција и со проширувањето, итната медицинска помош комплетно ќе ги реши просторните проблеми. Најголем дел од зафатот ќе се реализира со средства од министерство за здравство, а мал дел од сопствени средства на здравствен дом.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top