Специјално амбулантно возило донација за охридскиот од холандскиот ЦК

Специјално амбулантно возило  донација за охридскиот од  холандскиот ЦК.

Специјално амбулантно возило донираше ЦК од Зеволде, Холандија за ЦК Охрид. Донацијата е плод на меѓусебната соработка со холандскиот  Црвен крст и Националниот здравствен сервис. Денес д-р Хендрих Крои свечено  го предаде клучот од возилото на претседателот на охридската организација на ЦК  Сашо Точков.

 |  Валентина Неловска  | 
возило
возило

„ Донираното специјално возило е за медицинска намена  за тимовите на црвен крст за прва помош и за амбуланстко возилоспасување на вод аи спаување на планина д аимаат сигурност при интервенцијата. Со ова возило ќе бидат транспортирани лица кои имаат проблеми до соодветни институции каде што треба да се транспортираат. Возилото е во одлична кондиција и граѓаните ќе добијат сигурност и туристите да се чувствуаат безбедно овде“, рече Точков.

Карла Лортје од ЦК Зеволде, Холандија во 2013 година при посетата на охридскиот  црвен крст дознала дека организацијата има потреба од специјалното возило. По враќањето во Холандија Лортеј стапила во контакт со д-р Хендрик Крои од Националиот здравствен сервис на Холандија. Тие го отстапиле ова  возило за потребите на охридскиот црвен крст.

После тоа отпочнавме неколку добротворни акции , вечери , концерти и продажба на играчки  за да се соберат пари за да се реализира донацијата. И ЦК Охрид организирше продажба на Новогодишни честитики и оригами за прибирање на средства. Со тоа овозможивме да се плати опремата и транспортот на возилото за Македонија“, истакна Лортје.
цк
На свеченото предавање на донацијата од името на Локалната самоуправа се заблагодари и заменик градоначалникот Ангел Јанев.

„ Ние се обврзуваме да обезбедуваме барем ефтини летови за помасовно доаѓање на холандските туристи во Охрид. Благодариме за соработката и за подарокот и се надеваме дека ова е почеток и на други понатамошни соработки“, кажа Јанев.

Сашо Точков, претседателот на ЦК Охрид, информираше дека на 4 мај заедно со гостите од Холандија и останатите институции ќе спроведат една показна вежба. Во средното економско училиште  ќе  симулираат евакуација на учениците.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top