Тунтев: Сегашниот здравствен систем во Македонија не ги лечи луѓето… ги разболува

Состојбите во охридското здравство се катастрофални, а тоа посебно важи за охридската Општа болница. Условите во охридската болница се очајни, поразителни и под секакво човечко достоинство, како за пациентите, така и за медицинскиот персонал. Болницата е претворена во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, каде што нестручни и несовесни кадри од власта секојдневно практикуваат партиско осветољубие и реваншизам врз политичките неистомисленици, обвини денеска на прес конференција, Томислав Тунтев , кандидат за пратеник од СДСМ. Сегашниот здравствен систем во Македонија не ги лечи луѓето… ги разболува!- кажа Тунтев и представи дел од мерките од Програмата за живот во македонија од сферата во здравството.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Состојбата во охридската Општа болница секојдневно станува се‘ поалармантна, затоа што пациентите се соочуваат со крајно лоши и нехумaни услови. Нема греење, хигиенските услови се очајни, ги нема потребните лекови, ги нема потребните медицински материјали, ги нема потребните лекари специјалисти, кажа на прес конференција Томислав Тунтев, кандидат за пратеник од СДСМ. Тунтев додаде дека  неколку милиони евра народни пари до сега напразно и криминално биле потрошени за охридската болница.

Власта пред 3 години рече дека инвестицијата за општата болница чинела вкупно 4,3 милиони евра, додека за време на минатите избори менаџерите кажаа дека биле потрошени 7 милиони евра. Ако криминалната реконструкција на болницата чинеше неверојатни 3 милиони евра, на охриѓани нејасно им остана каде и за што се потрошени уште цели 4 милиони евра. Сега, за овие избори, кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид лажно ветуваат дополнителни вложувања од 700 илјади евра што воопшто ги нема во државниот буџет, а во овој момент болницата има блокирана сметка и финансиска загуба од 2 и пол милиони евра., рече Томислав Тунтев – Кандидат за пратеник СДСМ и коалицијата.

Погубните политики на власта во сферата на здравството ја рангираа Република Македонија на дното на Европа според индексот на здравствени услуги, посочи Тунтев.  
Сегашниот здравствен систем во Македонија не ги лечи луѓето… ги разболува! – кажа Тунтев и представи дел од мерките предвидени во  Планот за живот во Македонија за здравствен систем во служба на граѓаните.

Бесплатно лекување во болниците, односно ослободување од партиципација на сите здравствени осигуреници. Враќање на достоинството на лекарите и зголемување на основната плата на сите здравствени работници. Секоја жена во Република Македонија ќе има свој матичен гинеколог. Ќе организираме широка експертска дебата за потребите и придобивките од вакцинацијата, заедно со набавка на висококвалитетни вакцини. На лекарите од примарната здравствена заштита ќе им се намалат преобемните административни обврски.Надминување на состојбата со немање на лекови на рецепт после 15-ти во месецот и зголемена достапност на лекови во примарната здравствена заштита без квота. рече Тунтев.

Тунтев најави дека доколку ја добијат довербата на овие избори, ќе формираат Фонд за финансирање на лекувањето во странство на деца до 18 години. Така лекувањето на децата во Македонија веќе нема да мора да зависи од хуманоста на нејзините граѓани, подвлече Тунтев.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top