Не стивнуваат обвинувањата за директорката на Здравствениот дом во Струга

По вчерашното обвинување за мобинг врз вработените во Здравствениот дом во Струга, денес повторно полни раце работа за директорката Вера Попоска. Сестрите од Здравствениот дом денес излегоа со листа барања за подобрување на условите за работа.

 |  Мишел Наумоски  | 
Zdravstven dom Struga
Здравствен дом Струга

По вчерашното обвинување за мобинг врз вработените во Здравствениот дом во Струга, денес повторно полни раце работа за директорката Вера Попоска. Сестрите од Здравствениот дом денес излегоа со листа барања за подобрување на условите за работа. Тие тврдат дека условите во кои досега работеле се под секое ниво и дека тие не се во можност ефикасно да си ја вршат својата работа. Сестрите потврдија и дека во Здравствениот дом дошла и Трудовата инспекција и направила свој записник, но досега тие не успеале да го видат овој записник ниту пак знаат дали по овој записник е постапено.

„Нашето незадоволство е поголемо, има повеќе точки, моментално се работи за тоа дека ни е одземена собата за работа за дежурства, значи за ноќна работа и петицијата се должи баш на тоа. Донесен е апарат за лабораториски испитувања, ние немаме ништо против тоа, нека има, сакаме да има, и да си вработуваат други луѓе, немаме ништо против тој апарат, ама на тој апарат можеше да му се најде соодветно место во здравствен дом, а не да се зема собата за ноќна работа на брза помош.“ рече Даниела Пејоска-сестра во Здравствен дом-Струга

Пејоска вели дека таа очекува да добие санкции од директорката после изјавите за медиумите, но и дека условите во кои тие работат се неподносливи и дека тоа надлежните органи мора да го испитаат.

Zdravstven dom Struga„Во последно време сме некако под стрес, да не ти се доаѓа наработа. Тоа е вистинскиот збор. Доаѓаш наработа и немаш волја. Малку сме во последниве денови и револтирани за ситуацијава на директоркава со нејзиното однесување спрема нејзините работници кои до вчера бевме, не до вчера туку еве скоро 4 години се боревме за работава, се боревме да си го  чуваме лебот.“ Вели  Зејнепе Усеини-главна сестра во Здравствен дом-Струга

Директорката на Здравствениот дом се брани од овие напади, таа тврди дека основните услови за работа се обезбедени и дека она што треба да ги спасува животите на пациентите, тоа функционира. Таа додава дека во иднина доколку се гради нова болница, нов здравствен дом, тогаш условите сигурно ќе бидат поинакви од сегашните.

„Условите се тие. Нивното барање засега е невозможно. Тие бараат посебни соби за дежурна сестра, кујна, соблекувална, работна соба. Јас мислам дека тоа се нескромни барања. Тие барања јас ќе ги пренесам каде што треба но во овој момент е невозможно да се исполнат и сестрите го знаат тоа, некои од нив се совесни и одговорно и го знаат тоа.“-вели Д-р Вера Попоска-Директорка на Здравствен дом-Струга

Обвинувањата дека таа ги терала вработените да наплаќаат незаконски цени за лековите, Директорката Попоска категорично ги отфрла. Таа вели: „Тврдам дека такво нешто не постои. Ние си имаме ценовник кој го почитуваме, кој е унифициран ценовник за целата држава, а овде се работи исклучиво транспарентно и правилно со наплатата.“Д-р Попоска се наоѓа на само два месеци од своето пензионирање, а деновиве се соочува со овие сериозни обвинувања. Дали овој случај има политичка позадина, дали некој сака да ја тргне директорката пред нејзиното пензионирање или пак вработените навистина се соочуваат со сериозно психичко малтретирање? Ова се неколку прашања за кои надлежните органи ќе треба да најдат одговор.

 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top